По објавувањето на TT3D: Closer to the Edge, документарниот филм за IOM Tourist Trophy,  хард кор тркачките фанови сега ќе можат да додадат уште еден филм во нивната DVD колекција.

1557 Guy Martin Tourist Trophy

По објавувањето на TT3D: Closer to the Edge, документарниот филм за IOM Tourist Trophy,  хард кор тркачките фанови сега ќе можат да додадат уште еден филм во нивната DVD колекција.  „Grand Prix Racer“ е нов филм кој се базира на настаните од 2012 Manx Grand Prix.

Светската премиера на филмот е закажана за Понеделник, 4-ти февруари на Isle of Man, а на 5-ти февруари во 20:00 часот ќе биде прикажан на сателитскиот канал ITV4. На DVD ќе биде достапен од 4-ти март, а по торентите за симнување, се надеваме наскоро. Филмот е продуциран од Greenlight TV, а беше сниман пред почетокот и за време на Гран При трката на Isle of Man. Во него ќе можете да видите екслузивни снимки од зад сцената, а исто така ќе има изјави од водечките ликови и од претставниците на трката.

Manx Grand Prix трката оваа година ќе се одржат во среда 28-ми и петок 30-ти август. Вежбите и квалификациите ќе се одржат во сабота, 17-ти август и ќе траат до петок, 23-ти август. Оваа година трката одбележува 90 години од нејзиното постоење и се здоби со статус на меѓународно натпреварување под Светската Мотоциклистичка  Организација „FIM International status“ како замена за Европскиот статус кој го имаше претходно.

Back To Top