Ова решение би можело да промени многу од проблемите со кои се соочуваат електричните превозни средства.

Колку километри можете да поминете со нив, колку време им треба да се наполнат како и лошата инфраструктура се само дел од проблемите поради кои електричните мотоцикли не се развиваат доволно брзо. Honda и Panasonic склучија договор за соработка со цел да се решат сите овие проблеми. А нивното конечно решение е мобилна батерија.

pcxev 770x433

Тука не станува збор за батерии за мобилни телефони, туку за мобилни батерии. Двете компании работат на „Mobile Power Pack“ како и на локации каде што тие ќе можат да се полнат. Идејата е батериите да можат да се отстранат од мотоциклите и да можат да се заменат. Местата кои ќе бидат наменети за полнење ќе бидат опремени со неколку станици каде што ќе можете да го сторите тоа.

Корисникот на ваков вид на батерија ќе може да застане на станицата и својата празна батерија да ја замени за полна.

Со овој иновативен процес, повеќе нема да морате да чекате додека да се наполни вашата батерија. Таа повеќе не е интегрирана на вашиот мотоцикл и тоа отвора неколку можности за полнење.

Главниот експеримент ќе биде изведен во Индонезија. Исто како и Индија, и Индонезија се соочува со голема загаденост на воздухот, а големиот број на превозни средства само дополнително ја влоши состојбата. Владата презема мерки за да ги поттикне луѓето се повеќе да користат електрични превозни средства, особено електрични мопеди и мотоцикли.

Всушност, земјата е третиот најголем пазар на мотоцикли во светот што ја прави и идеално место за тестирање на нов концепт. Истражувањето ќе се фокусира на нешто што Honda го нарекува „electric mobility products“, а во кои се вклучени електричните мопеди и скутерите.

Со оглед на неодамнешното претставување на PCX електричниот скутер кој е опремен со „Mobile Power Pack“, можеме да претпоставиме дека целокупниот експеримент ќе биде спроведен со користење на електричниот мопед на Honda.

Доколку се помине во најдобар можен ред, тоа би можело на индустријата со електрични мотоцикли да и даде голем поттик а во иднина самото полнење на батеријата да биде побрзо отколку да го наполните резервоарот со гориво.

Тестирањето се очекува да почне во декември 2018 година.

Back To Top