Повремено се појавува идеја за која веднаш знаете дека ќе подобри еден дел од вашиот живот. Тие многу често се очигледни, а вие се прашувате зошто не сте се сетиле на тоа.

dog-saucer

Повремено се појавува идеја за која веднаш знаете дека ќе подобри еден дел од вашиот живот. Тие многу често се очигледни, а вие се прашувате зошто не сте се сетиле на тоа.

Ова не е една од тие идеи, но сепак се работи за инвентивност која може да влезе во сериско производство доколку проектот успее. Се работи за DogSaucer, приколка за мотоцикли и за кучиња.

Приколките и мотоциклите се чудна комбинација. Одвоени, и двете работи се од голема корист но заедно не си одговараат многу. Уште кога ќе додадете и кучиња во таа комбинација.

Сепак да се вратиме на DogSaucer. Тоа е креација на компанијата DogSaucer LLC. Таму можете да купите многу работи, од налепница за браникот која чини 10$ до DogSaucer приколка која чини 5995 $. Сепак тоа е 2000 $ помалку отколку што планираат таа да чини доколку успеа да соберат 600 000$ и да започнат со производство. Тоа е само формалност, нели?

Додека го пишуваме ова, DogSaucer имаат собрано само 110$,но сигурно ќе успеат да го соберат и остатокот од парите. Имаат уште неколку недели да го направат тоа.

Сепак морате да бидете импресионирани од посветеноста на иноваторот, Грег Худом. И други почудни производи се нашле на пазарот, а сигурно некој ќе има потреба од DogSaucer. 

Back To Top