Дали некогаш сте се нашле позади некој постар возач кој веројатно повеќе не би требало да биде дел од сообраќајот? Што велите за моторџија кој има 101 година?

Дали некогаш сте се нашле позади некој постар возач кој веројатно повеќе не би требало да биде дел од сообраќајот? Една англиска емисија ги однесе гледачите на едно патување со постари возачи кои беа оценувани од страна на локални инструктори. Некои од нивните навики едноставно беа застрашувачки.

101 year old motorcyclist

Но Џек дава еден навистина уникатен поглед. Со неверојатни 90 години возачко искуство, нему воопшто не му се непознати мотоциклите. Но со текот на годините се намалува и способноста за навремено реагирање, а денешните услови на патиштата се значително поразлични во споредба со минатото.

„Ако испитувачот вели „не, не си безбеден,“ првото нешто што ми доаѓа да му кажам е да си ја гледа својата работа.  Јас ќе продолжам онака како што мислам дека треба,“ вели Џек во документарниот филм. „Но, сепак ќе го сослушам неговото мислење.“

Неговиот оценувач, Ендрју Хоџсон, кој е има речиси четвртина од годините на Џек, не знаеше што да очекува. „Ова за мене е ново искуство. Досега немам работено со некој кој има три цифрен број на години.“

Но возењето беше одлично и докажа дека Џек се уште знае што прави. За човек кој има 101 година, тој има неверојатен дух. Можеби времето поминато на мотоцикл го оддржува млад. Каква легенда.

Back To Top