Во последно време мото индустријата се фокусира да им понуди нешто ново на возачите кои се од милениумската генерација. Но тие не се најмладите возачи. Сега ни доаѓа генерацијата „Z“.

Во последно време мото индустријата се фокусира да им понуди нешто ново на возачите кои се од милениумската генерација. Но тие не се најмладите возачи. Сега ни доаѓа генерацијата Z. Генерацијата „Z“ се состои од оние возачи кои се родени кон крајот на деведесетитите години. Тие се доволно стари да возат мотоцикл но повеќето од нив се премногу млади за да можат сами да купат најнов модел на мотоцикл. 

Оние кои се дел од Милениумската генерација се определуваат за мотоцикли од седумдесетите или осумдесетите години и од таа причина овие мотоцикли стануваат се поретки. Сега се поставува прашањето какви мотоцикли ќе возат припадниците на генерацијата Z?

Со оглед на тоа дека дел од нив немаат големо возачко искусто, очекувам дека ќе се решат за мотоцикли кои не само што се прилично евтини туку и лесни за оддржување. Мислам дека ќе бараат одреден стил. Се чини дека тие не се премногу заинтересирани за спортските мотоцикли или за големи крузери.

Еве неколку од мотоциклите за кои мислам дека ќе се определат припадниците од оваа генерација.

 Suzuki GS500

Street twins

Има има многу добри и достапни четири цилиндрични мотоцикли од осумдесетите и деведесетите, како што се Suzuki Bandit, Honda Nighthawk 750 и Yamaha Seca II, а младите возачи често се определуваат за „twins“ поради полесното оддржување. Веќе има создадено одреден култ кон првата верзија на Yamaha Virago, но алтернатива е и Suzuki VX800. Овој речиси заборавен член на фамилијата Suzuki има V-twin мотор со водено ладење и се продаваше во периодот помеѓу 1990 и 1993 година. Бидејќи има сличности со Intruder, за него и лесно се наоѓаат делови. Овој модел е исто така сличен и со Yamaha SCR950 со таа разлика што првиот е далеку поевтин. Друг V-twin модел кој не се задржа долго на пазарот во САД е Honda NT650 Hawk GT. Тој беше доста популарен се додека не се појави Suzuki SV650. Дизајниран е од страна на Тошијаки Киши, лицето кое стои зад дизајнот на CBR1000RR. NT650 има еднострана „Pro-Arm“ задна вилушка, модерна електроника и алуминиумска рамка.

Друга опција е Suzuki GS500E. Она што е интересно кај овој мотоцикл е тоа што на него нема ништо впечатливо. Тој има 487 cc мотор со воздушно ладење и помеѓу 40 и 50 коњски сили. Читателите на времето го фалеа бидејќи е лесен за управување. Kawasaki Ninja 500 е далеку подобар мотоцикл но се сомневам дека ќе и се допадне на новата генерација.

Mark and Honda Hawk GT

Dual-sport singles

Има голем број на вакви едно цилиндрични мотоцикли кои е лесни за оддржување и кои не се скапи. Kawasaki KLR650, Honda XL600, Yamaha XT600, Suzuki DR600 и DR650 се само дел. Овие мотоцикли би можеле да бидат многу интересни за новата генерација бидејќи можат да се возат на секакви услови.

Sportsters and singles

Знам дека тоа што го најбројувам Harley-Davidson Sportster 883 ќе предизвика голем број на коментари но сметам дека сум во право. Ако постои мотоцикл кој е едноставен тогаш сигурно ќе биде овој модел. Тој може многу лесно да се промени и за кратко време да стане café racer, tracker, scrambler, brat bike или cruiser. Покрај ова, тој е и прилично евтин.

Sportster 883

За 883 Sportster многу често љубителите на Harley – Davidson велат дека тој не е вистински Harley. Но тоа би можело да биде добро за припадниците на новата генерација.

Еден мотоцикл кој веќе станува популарен е Suzuki Savage. Honda Ascot FT е постар од примерите кои ги дадов досега но запомнете дека FT значи “flat track“.

Savage for sale

Зошто воопшто ни е грижа за ова?

Како што веќе видовме во текот на минатата декада, и покрај малото учество во светот на мотоциклите, од младите луѓе зависи како ќе се развива новиот пазар на мотоцикли. Трендовите кои се развиваат во Портланд или Бруклин влијаат врз инжинерите од Ивата и Болоња.

Не верувам дека ова ќе биде конечната листа но се надевам дека ќе се развие интересна дебата. Што мислите дека ќе возат младите луѓе во иднина? 

Извор: revzilla.com

Back To Top