Замислете си го времето кога мотоциклите ќе научат како ние функционираме и ќе се прилагодат на нашето однесување. Тоа го имаме денес.

Доколку сте како мене, тогаш сигурно се нервирате кога треба да поминете преку некој вир на патот. Во оние региони кои имаат четири годишни времиња, ваквите дупки се лузни на патот кои настануваат со враќањето на пролетта, кога темпаратурите растат, а снегот се топи. Можеш да ги избегнуваш, но тоа не трае вечно. Но, за среќа, тоа нема да трае уште долго. Барем така ќе биде доколку се решите да го замените вашиот мотоцикл за скутер.

Flow2

Индија е многу заинтересирана за електричните мопеди. Откако поставија рекорди во загадувањето, земјата се соочува со криза и потребно е веднаш да се најде решение. Индиската влада воведе строги правила за да се намали загадувањето. А еден од начините за да се допринесе кон поквалитетен воздух е возачите да се префрлат на превозни средства кои не прават никакво загадување.

Една од најновите компании кои се обидуваат да го решат овој проблеме е „22 Motors“, фирма која се наоѓа во едно од предградијата на Њу Делхи и која има за цел не само да создаде што е можно поголем број на електрични мотоцикли туку и да ги направи попаметни. На хартија, „Flow“ изгледа како и сите останати електрични скутери. Има 2.1 kW Bosch електричен мотор со кој можете да поминете 80 километри, а двојно повеќе доколку имате и резервна батерија. Максималната брзина изнесува 60 километри на час. Батеријата се полни брзо и за еден час ќе  наполните 70 проценти од нејзиниот капацитет.

Но она што навистина не фасцинира кај овој скутер е можноста за размислување. Тој е опремен со софтвер кој има вештачка интелигенција и кој може да го научи однесувањето на возачот. Покрај тоа, тој може и предвреме да нарача резервни делови. Тоа е исто како стомакот сам да си нарача хамбургер пред вие да станете свесни дека сте гладен.

Системот може да се поврзе со вашиот телефон и да ви даде важни информации во однос на патот по кој сакате да се движите. Тој може да ви сугерира кој пат е најдобар, а дури може да детектира и дупки на патот. Самиот систем, со помош на сензори и GPS ги мапира сите дупки на патот и може да ви сугерира алтернативни патишта кога условите на патот кој сте го одбрале се лоши.

На луѓето очигледно оваа идеја им се допаѓа. Тој беше за прв пат преставен во ноември, а веќе во февруари, за време на саемот во Индија беше претставена и продукциската верзија. За кусо време се продадоа првите нарачки, а производството на овој скутер е закажано за септември со таргет од 300 единици. На пазар на кој 75 проценти од продадените превозни средства се со две тркала, се чини скутерот кој има цена од 900 евра ќе биде вистински хит.

Се уште не се знае дали тој ќе се најде и на пазарот во Европа но со оглед на сите предности кои ги има, не треба да се изненадиме доколку го видиме и на улиците кај нас.

Back To Top