Француска компанија пронајде решение со кое се намалува импактот од промената на интензитетот на светлината додека возите.

Сончевите денови се покана со која природата ве повикува да излезете и да возите. Ја ставате кацигата со темен визир и се качувате на мотоциклот. Сето тоа е одлично само да не се оние делови од патот каде светлината не е толку силна и каде што неколку секунди не гледате ништо пред вас, или пак кога почнува да се стемнува. За навечер и да не говориме. А доколку пак не носите затемнет визир, ефектот е уште полош. Производителите веќе креираа кацига која ви помага да го решите овој проблем, но, за жал, за целосна транзиција се потребни неколку минути. Но сега една амбициозна компанија е посветена да го реши овој проблем и ветува целосна транзиција, од темно во светло, за само неколку секунди.

shetters 770x433

Француската компанија „Shetters“ е одлучна да го реши овој проблем преку воведување на визири за „Arai“ и  „Shoei“ кацигите. Тие користат светлосни сензори за да проценат колку треба да се затемнат и реагираат за само 0.04 секунди. LCD технологијата е поврзана со мал, соларен панел. Со ова вие никогаш нема да морате да се грижите дали сте заборавиле да го наполните вашиот визир, односно системот е целосно автономен.

Иако визирот нуди различни нивоа на сенка во зависност од интензитетот на светлината, сигурно се прашувате како ќе реагира при нагла промена и дали вашата кацига одеднаш ќе се претвори во дискотека.

Визирот како и очилата кои се опремени со истата технологија сега се достапни на Kickstarter. Нивната цена изнесува 230 долари за првите сто визири кои ќе се продадат, а потоа цената се качува на 280 долари. Првите испораки се очекуваат во септември.

Back To Top