Го купивте најновиот и најдобриот авантуристички мотоцикл и ја имате најдобрата заштитна опрема. Конечно ќе ja почнете вашата авантура. Можеби вашиот мотоцикл и опрема се подготвени за она што ве очекува но дали сте вие подготвен?

Ако се решите да се впуштите во ваква авантура, ќе се соочите со многу работи и предизвици кои вообичаено нема да ги најдете доколку возите на автопат. Успехот не зависи само од вистинската опрема. Ви треба и вистински став.

Adventure txt 1 21 10 2020

Еве три мои совети кои ќе ви помогнат да се подготвите за долгото авантуристичко возење.

Заборавете на тоа дека мора да поминете одреден број на километри во текот на еден ден.

Пред неколку години заедно со жена ми патувавме од Њу Џерси до Алберта, Канада. Патот беше неверојатно долг иако морам да признаам и на двајцата ни беше удобно додека се возевме.

Како што стигнавме до највисоката точка од патот, сонцето го снема и се појавија молњи. Температурата значително се намали и беше многу тешко за возење.

Adventure txt 2 21 10 2020

Зошто мислев дека е паметно да возам дополнително тој ден? Многу е подобро и побезбедно да застанете, да преноќите некаде, и после тоа одморени да продолжите со возење.

На асфалт можете да поминете помеѓу 400 и 700 километри. Но на аватуристички мотоцикл, каде што може да поминете многу километри возејќи бавно и по опасен терен, тешко е да поминете дури и 250 километри. Навистина ми е криво што не застанував почесто да се воодушевувам на прекрасната природа и дека наместо тоа се фокусирав на толку километри ќе поминам. Многу е подобро кога имате доволно време за да уживате во пријатна вечера, да одберете добро место за камп отколку сето тоа да го правите набрзина и изморен.

Adventure txt 3 21 10 2020

Мој совет: Не се оптеретувајте со тоа колку километри ќе поминете дневно. Треба да уживате во патот а не да брзате. Одвојте време да се релаксирате и да уживате во природата.

Adventure txt 4 21 10 2020

Бидете брилагодлив исто колку и вашиот мотоцикл

Една од работите кои што ги сакаме кај денешните авантуристички мотоцикли е нивната можност да се прилагодат на разни услови и патишта. Но, мотоциклот не може да направи ништо без возачот. Затоа, и вие морате да се прилагодите.

Возам уште од кога бев дете и имам повеќе од 35 години искуство на две тркала. Морам да ви признаам дека авантуристичкото возење е неверојатно но и тешко. Но менталната промена која треба да ја направите за да се адаприрате од асфалт на оф роуд е исто така тешка.

Adventure txt 5 21 10 2020

После неколку часа поминати на мотоциклот, ќе ви биде тешко и да отидете во продавница и да си купите за јадење. Вообичаено ми треба неколку минути да се прилагодам на ситуацијата.

Сосема е во ред ако треба да направите пауза ако возите помеѓу два различни видови на патишта. Само дајте си 10 до 15 минути да се релаксирате и да уживате во природата. Ова е и вистинско време да направите промена на опремата за да се чувствувате покомфорно.

Adventure txt 6 21 10 2020

Брз преглед на патот кој ве очекува ќе ви помогне да ја визуелизирате насоката која е пред вас и ќе ве подготви за предизвикот кој ве очекува. Од друга страна внимавајте кога од бавен одите на побрз пат. Сигурно ќе ви дојде желба веднаш да притиснете на гаста штом излезете на некој отворен пат но не заборавајте дека претходно мотоциклот ви бил прилично оптоварен. Сигурно не сакате успешно да поминете некој тежок дел а потоа да заглавите на полесна делница.

Да се биде подготвен не значи дека не треба да се забавувате.

На едно неодамнешно патување, јас и мојот пријател Питер ги минувавме тешките „Class 4“ делници во Вермонт. Од она што го слушав од другите возачи но и според мапата која ја имав, сметав дека не очекува катастрофа иако и двајцата сме искусни возачи.

Ни требаа неколку дена да се прилагодиме. Во меѓувреме почна да врне дожд што само дополнително ја зголеми нервозата кај нас. Како што возевме, имаше неколку делови кои не можевме да ги поминеме од прва. И двајцата неколку пати паднавме. Но се смеевме и одлично се забавуваме. Кога го поминавме тешкиот дел почнав да се чудам зошто воопшто ме загрижуваше патот кој не очекуваше.

Adventure txt 7 21 10 2020

Бидете подготвени за топли, ладни, влажни и суви денови. Бидете подготвен набрзина да ја поправите дупнатата гума. Носете со вас храна, вода и алат. Исто така, не заборавајте да земете и соодветна облека. Возете добар мотоцикл и по можност викнете и некој пријател со вас. Но запомнете, никогаш не можете да бидете 100 % подготвен. Тоа е дел од самата авантура.

Adventure txt 8 21 10 2020

Најдобар ментален пристап е да бидете подготвен, да немате некој строго прецизен план, да бидете флексибилен и да не се грижите премногу за она што ве очекува.

Не е се до мозокот но многу работи зависат од него

Менталната подготовка за следната авантура е исто така важна како и соодветниот мотоцикл. Тргнете од дома со добра мисла и бидете флексибилен бидејќи ситуациите често се менуваат за време на долго патување. Но сето тоа е дел од забавата.

Adventure txt 9 21 10 2020

Поставете си разумни очекувања наместо постојано да брзате. Дајте си време да уживате во природата и патот. Едноставно, уживајте во возењето!

Back To Top