Започнувајќи со лансирањето на Спутник 1, ривалството меѓу САД и Советскиот Сојуз во однос на тоа кој прв ќе ја освои вселената предизвика рапиден напредок на технологијата.
Трката исто така им овозможи на некои луѓе и да се стекнат со светска слава. Еден од тие храбри пионери е Јури Гарагин кој на 12-ти април 1961 година стана првиот човек кој отиде во вселената и орбитираше околу земјата повеќе од два часа. Овој прекрасен „Twin Cam Harley“ е посветен токму на него, на неговите достигнувања, на Восток 1 и на почетокот на ерата на истражување на вселената.
Откако се врати назад на земјата, Гагарин веднаш стана ѕвезда и херој на Советскиот Сојуз. Патуваше низ светот и беше дел од паради кои му беа посветени нему. За многу деца кои растеа во Советскиот Сојуз, Гагарин беше идол, легенда која имаше митски статус. Еден од тие деца беше и Јури Шиф, кој сега е сопственик на „Yuri Shif Customs“, компанија која се наоѓа во Минск, Белорусија.
„YSC“ е составена од две лица, Јури и неговиот верен механичар Дмитри Лобанок. Заедно двајцата имаат изработено голем број на врвни мотоцикли. Нивните модели постојано се дел од настани како што се „AMD World Championship Of Bike Building“ и досега имаат освоено голем број на награди.
Шиф и Димос проектот го започнаа со Softail 2003 рамка која беше дизајнирана да прифати YSC вилушка и преден дел. Двајцата потоа на мотоциклот му додадоа и футуристични бандажи, 21 инчен напред и 18 инчен позади. А во срцето на овој модел се наоѓа „Harley-Davidson Twin Cam 88“ кој е опремен со „Twin Tec TCFI“ од четврта генерација.
Штитниците на овој мотоцикл играат главна улога во севкупниот изглед на мотоциклот. Овие рачно изработени делови имаат големо влијание врз неговиот изглед и одлично се совпаѓаат со рачно изработените бандажи. Шиф исто така рачно ги изработи и резервоарот за гориво, седиштето како и резервоарот за масло. Во однос на осветлувањето, предното светло е изработено од YSC и одлично се совпаѓа со целокупниот изглед на мотоциклот.
Со црвена и сината боја на резервоарот за гориво е испишано и името на мотоциклот, а кај светлото пишува „СССР“. На задниот штитник, рачно е напишана познатата реченица на Гагарин која гласи: „Орбитирање околу земјата со вселенски брод. Видов колку е прекрасна нашата планета. Луѓе, да ја сочуваме и подобриме нејзината убавина, а не да ја уништиме“.
Имам само една забелешка, а тоа е наместо „Harley“ посакував да ги користеа „Ural“ или „Dnepr“. Шиф и Димос посветоа големо внимание на деталите. YSC досега има создадено навистина уникатни верзии на Harley, а покрај тоа имаат создадено и прилично уникатен автомобил. Меѓу моделите кои треба да ги споменеме се „The Machine“, „The Duster“, „The Ducky“ и „The Terminator“.