Во Свети Николе во клубските простории на Мото клуб Свети Николе МЦЦ на ден 21.11.2023 година се одржа состанок на иницијативниот одбор во состав од 10 МК клубови од Македонија со една заедничка идеја за формирање на Мото Асоцијација на Македонија на МК клубови.

Иницијативата беше едногласно прифатена и беше разговарано околу формирањето, начинот на функционирање, правилата и критериумите за членување на МК клубовите од државата и формирање на органи на истата.

403194889 683724170403036 2237281152281595602 n

Асоцијацијата ќе има за цел обединување на МК клубовите, уредување и донесување на правила за работење на МК клубовите, организирање на мото настани, едукативни, хуманитарни и општествени настани со цел промовирање на мото културата во Македонија, застапување на МК клубовите пред законодавната и извршната власт, подигнување на свеста кај мотоциклистите и унифицирање и кодифицирање на мото правилата кај МК клубовите.

Асоцијацијата во наредниот период ќе работи на правно - формално формирање, соработка со мото асоцијации од други држави, информирање на останатите МК клубови, подготвување на електронски платформи (веб страна, социјални мрежи, интернет апликација, регистар на клубови и членови), календар на настани, интерни акти, со цел полесен пристап до информации за мото светот во нашата земја.

На состанокот беа присутни членови на мото клубовите:
МК Вепар - Скопје
МК Носачи на крстот - Велес
МК Ретки Птици - Гевгелија
МК „Tzar Tower Riders“ - Струмица
МК Конзули - Битола
МК Мечки - Куманово
МК Тиквеш рајдерс - Кавадарци
МК Рисови - Прилеп
МК Џинка - Радовиш
МК Свети Николе - Св. Николе

Back To Top