motori IMG 8300Под покровителство на Мотоциклистичка федерација на Македонија,во техничка организација на МК Вардар од Скопје на 24 мај на патеката Орман крај Скопје се одржа натпреварот „Награда Скопје“ од Шампионатот на Македонија во мотокрос за сезоната 2012.

IMG 8300

Под покровителство на Мотоциклистичка федерација на Македонија,во техничка организација на МК Вардар од Скопје на 24 мај на патеката Орман крај Скопје се одржа натпреварот „Награда Скопје“ од Шампионатот на Македонија во мотокрос за сезоната 2012.

Повеќеилјадната публика имаше можност по убаво и сончево време да ужива во атрактивните возења и прекрасни скокови на најдобрите македонски натпреварувачи.

IMG 8536

Во најмалата класа МХ85 можевме да ја видиме иднината на македонскиот мотокрос. Грешката и падот во првото возење на Андријан Ристевски (Хонда, МК Мотостарс) го искористи неговиот клупски колега, Христијан Станковиќ (КТМ) и ја освои својата прва победа во кариерата. Сепак во второто возење, Ристевски со сигурно возење победи и го освои првото место во конечниот пласман. Станковиќ мораше да се задоволи со второто место, трет беше најмладиот учесник 8 годишниот Лука Ристевски (КТМ, МК Мотостарс), додека на четвртото место заврши дебитантот Елдон Алиу (Јамаха, МК Шари Мотокрос).{gallery}orman-2012{/gallery}

Во класата МХ2 видовме очекуван расплет и поделба на местата на подиумот. Во конкуренција на 6 натпреварувачи, Христиан Илиоски (Хонда, МК Пелистер) не дозволи никакво изненадување и победи пред двојката на МК Мотостарс која настапува со Сузуки, Благојче Спировски и Никола Гулевски.

Во најсилната класа МХ1 убедлива победа однесе Гоце Томовски (Хонда, МК Гого). Второто место го освои Јован Јовановски (Сузуки, МК Мотостарс), а трет беше дебитантот Љупчо Ничевски (Хонда, МК Александар).

IMG 8532

Возбудлива трка видовме и во класата МХ3. Повратникот на патеките и поранешниот петкратен шампион на Македонија и освојувач на златната кацига, Николче Тодоров (Сузуки) успеа повторно да биде најуспешен пред клупски колеги од МК Мотостарс, Јован Стојков (Јамаха) и Борче Костов (Сузуки).

Следниот натпревар од Шампионатот на Македонија во мотокрос е на 3 јуни на патеката во Порој крај Тетово.

Резултати:

Back To Top