На 24-ти мај на патеката Орман крај Скопје ќе се одржи традиционалната мотокрос трка „Награда Скопје“. Трката во организација на МК Вардар од Скопје е под покровителство на Град Скопје, а со поддршка од општината Ѓорче Петров.
На 24-ти мај на патеката Орман крај Скопје ќе се одржи традиционалната мотокрос трка „Награда Скопје“. Трката во организација на МК Вардар од Скопје е под покровителство на Град Скопје, а со поддршка од општината Ѓорче Петров. Првата трка на патеката Орман се возеше на 16 октомври 1994 година.
Отворањето на трката е закажано за во 11.30 часот, а во 12.00 треба да започне и првата трка. Најавени се повеќе гости од соседните земји, а за точниот број на учесници ќе известиме дополнително.