Домашни настани

Викендов мотокрос трка во Прилеп

Клубот за екстремни спортови „Skyriders“ од Прилеп викендов по 5-ти пат ќе ја организира меѓународната трка насловена како „Storm Riders 2017“ на мото крос арената во Лагово.

Следете нè на:

 

Клубот за екстремни спортови „SkyRiders“ од Прилеп ќе биде домаќин на мотокрос трка која ќе се одржи на патеката Лагово крај Прилеп.

Трката оваа година нема да се бодува за шампионатот на Македонија во мотокрос, ќе има ревијален натпревар, а Македонија ќе остане без ниту една официјална трка за 2017 година.

Натпреварувачите во Лагово ќе бидат поделени во 4 класи: MX1, MX2, MX3 и OPEN CLASS, а најавени се гости од Србија, Грција, Албанија и Косово.

„Ова ќе биде единствена мото крос трка годинава организирана во Македонија и сите возачи од државава се исклучително нестрпливи да учествуваат на еден ваков настан. Во изминативе години стекнавме едно реноме, имаме патека која е направена според сите стандарди и целта е овој натпревар да премине во меѓународна трка со натпреварувачки карактер. Мислам дека во иднина ќе ги постигнеме овие наши замисли“, истакна Златко Спиркоски, секретар на клубот за екстрекни спортови „Skyriders“.

Според предвидената програма во сабота ќе се возат тренинзи, а во недела квалификациите и трките. Во недела од 8:30 изутрина започнува техничката контрола, а првата трка на програмата е во 11:05. Иако трката нема да се бодува за шампионатот на Македонија во мотокрос ќе бидат запазени сите правила и прописи како и мерење на времето.

Прогнозата за недела е сончево време и температура од 11 степени, одлични услови за мотокрос трка и убаво поминат неделен ден, се гледаме во Прилеп.

comments

Би можело да ве интересира

Дукати е првиот фабрички производител во МотоГП кој го претстави моторот со кој ќе се натпреваруваат Хорхе Лоренцо и Андреа Довициозо оваа сезона.

Новото правило со себе носи и голем број на услови кои мора да бидат исполнети. На пример, воздушното перниче задолжително мора да ги штити рамото и клучната коска, а заштитата на грбот не е задолжителна. 

Со оглед на тоа дека се влошува временската состојба, беше донесена одлука да се одложи деветата етапа, а тимовите да се префрлат во следниот камп кој се наоѓа во Салта, Аргентина.

Сем Сандерленд заздравува од повредата поради која мораше да се повлече од релито Дакар и веќе во текот на денешниот ден се очекува да се врати во Европа.

Корпорацијата Honda Racing објави дека Алберто Пуиг ќе биде назначен за нов тимски менаџер на тимот Repsol Honda. Тој ќе стартува со извршување на новата функција започнувајќи од првиот MotoGP тест од сезоната кој ќе се оддржи од 28-30 јануари на патеката во Малезија.

Како што одминуваат деновите од релито Дакар, се чини дека победата која ја постигна Жоан Бареда на петтата етапа ќе биде од голема важност.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!