„Chopper Club“ на 27-ми јуни (сабота) го организира својот мото собир под името „Run to the sun 2015“.

chopper club run to the sun

„Chopper Club“ на 27-ми јуни (сабота) го организира својот мото собир под името „Run to the sun 2015“.

Настанот ќе се одржи на 27 јуни во клаб хаусот на Chopper Club на Илинденска (лоциран после салонот на Хонда - Макпетрол, кај БМВ сервисот десно), каде ќе има банер пред капијата. Едноставно возете по Илинденска од Центар кон Карпош и побарајте го банерот од десната страна.

Забавата започнува во попладневните часови, а вечерта за музиката ќе бидат задолжени бендовите Shutdown и Breakdown. Обезбеден е паркинг како и простор за кампување, па можете да планирате да преспиете доколку пиете. Не очекува забава на која ќе бидат присутни многу гости, ќе има пијачки со достапни цени и квалитетни бендови што гарантира добра забава.

Настанот е отворен за јавноста и поканети се сите бајкери, клубови и луѓе со позитивна енергија за журка.

Back To Top