Кристина Станојкова е третата девојка која ја фотографиравме, а стана втората финалистка. Родена е на 03.08.1990, а во хороскоп е Лав. Кристина е од Куманово, па најчесто може да се забележи во Linka и Club.
За разлика од останатите, Кристина има возено скутер, а открива и дека сака брзо возење. На одмор ќе оди во Охрид, а кога би можела без размислување би заминала за Шпанија. Освен манекенството, таа професионално се бави и со латино и стандардни танци.
Сака опуштени, дружељубиви и комуникативни луѓе, а во моментот го бара вистинското момче за неа. Во црнокрак е повеќе од 5 месеци, а пред нашиот објектив се појави на Sachs MadAss.
Кристина беше фотографирана во новиот салон на Леопард, лоциран во населбата Аеродром.
{gallery}kristinastanojkova{/gallery}