Макпетрол помогна во организацијата на „1st Skopje Vespa Days“.

Организаторот на оваа манифестација е здружението Веспа клуб Скопје кое сака да понуди едно поинакво доживување во градот Скопје, да го промовираат во вистинско светло пред гостите од другите држави и преку дружба да покажат дека луѓето кои се вљубеници во Веспа се дел од едно поголемо, глобално семејство, кое ги обединува една иста мисла – љубовта кон Веспа моторите и спојот на безбедноста и стилот.

Со своето дефиле учесниците на овој настан промовираа култура на возење и безбедност во сообракајот што е од висока важност за нашата заедница, и една од заложбите на нашата компанија.

Претставниците од Макпетрол АД Скопје ги доделија и наградите од второто редовно и првото мастер коло од наградната игра „Верна повторно наградува“.

Вчера во продажно-сервисниот салон на Хонда беа доделени наградите. Со секои впишани 10 поени на Верна картичката, членовите на Верна програмата за лојалност добиваат по една шанса за награда.

Наградната игра почна на 1 март 2018 година и ќе трае до 15 декември 2018 година, а ќе се одвива во 8 посебни редовни кола, 4 мастер кола и едно финално Мастер коло.

Трајко Лефко беше среќен добитник на лаптоп Дел, додека Сашо Ивановски си замина дома со скутер Хонда.

Извор: mkd.mk

Back To Top