Мото клубот МЦЦ Свети Николе го организира вториот мото собир кој ќе се одржи на 06 јуни (сабота) со почеток од 15 часот.
Мото клубот МЦЦ Свети Николе го организира вториот мото собир кој ќе се одржи на 06 јуни (сабота) со почеток од 15 часот.
Локацијата на собирот исто како минатата година е во Градскиот парк во кој е обезбеден и бесплатен кампинг простор. За добрата забава ќе се погрижат бендовите Морфиум, „Overload“ и „Are Brothers Band“. Како и претходно, мото собирот ќе биде збогатен со мото игри, одлична забава и дефиле низ градот.
Според програмата од 15 до 17 е предвиден дочек на гостите по што ќе започнат мото игрите кои ќе траат до 18 часот. Од 18.30 до 19 часот ќе се вози дефиле низ градот, а од 19 часот започнува настапот на музичките групи.
Имајќи го во предвид одличниот прв собир на МЦЦ Свети Николе, искрено ви препорачуваме да дојдете во сабота и да бидете дел од една добра дружба и забава.