Патеката Јаница во Грција викендов ќе биде домаќин на првата рунда од Балканскиот шампионат во мотокрос.

9 македонци ќе ги започнат трките од Балканскиот шампионат во мотокрос. Патеката Јаница во Грција викендов ќе биде домаќин на првата рунда од Балканскиот шампионат во мотокрос.

Христијан Станковиќ (МК Мотостарс) ќе настапува во класата МХ2 и МХ2 јуниор, а во МХ2 друштво ќе му прават Ванов Драган (МК Мото Велес), Виктор Караколев (МК Мото Велес), Ангел Ристов (МК Ноќни Волци) и Васко Киров (МК Ноќни Волци). Во класата МХ (поранешна МХ3) ќе ги видиме Јован Стојков (МК Мотостарс) и Борче Костов (МК Ноќни Волци) кој се бодува и во класата МХ Ветерани. Во најсилната класа МХ1 ќе имаме двајца претставници, Гоце Томовски (МК ГоГо) и Христијан Илиоски (МК Пелистер).

hristijan ilioski mx

Со македонска лиценца (како возачи на МК Мото Велес) ќе настапат и возачите од Грција: Сотирис Сидеропулос во класата МХ65, а Атанасиос Папаниколау и Панајотис Сидеропулос во класата МХ. Со ова вкупниот број на претставници на МФМ во Грција ќе биде 12.

Распоредот за трките од Балканскиот шампионат во мотокрос е следен:

  Датум Место Земја Забелешка
MX01 Март 26-27 Јаница Грција EC65 & EC85
MX02 Април 16-17 Гевгелија Македонија EC65 & EC85
MX03 Мај 7-8 Каисали Турција  
MX04 Мај 28-29 Крешево Босна и Херцеговина Само класите MX1, MX2 и MX
MX05 Јуни 18-19 Глобаре Србија EC65 & EC85
MX06 Септември 17-18 Самоков Бугарија  
MX07 Октомври 8-9 Тројан Бугарија  

Нашата екипа ќе биде присутна викендов на патеката Јаница во Грција, очекувајте извештаи и слики веднаш по завршувањето на трките. На сите претставници им посакуваме успех на првата трка и секако се надеваме дека ќе имаме претставници кои ќе се искачат највисоко на пиедесталот.

Момци среќно!

Back To Top