Новиот KTM SMR 450 пристигна во гаражата на нашиот најдобар натпреварувач во класата до 600цц, Слободан Ивчески од мото клубот Сакамото. Бидејќи последниве години се потешко се организираат трки од брзинскиот мотоциклизам Цобо одлучи меѓународниот настап да го фокусира на супермото трки.
Новиот KTM SMR 450 пристигна во гаражата на нашиот најдобар натпреварувач во класата до 600цц, Слободан Ивчески од мото клубот Сакамото. Бидејќи последниве години се потешко се организираат трки од брзинскиот мотоциклизам Цобо одлучи меѓународниот настап да го фокусира на супермото трки.
Изминатите две години Цобо имаше настап на повеќе супермото трки, а притоа го користеше својот мотоцикл Хонда. Бидејќи годинава апетитите за бодови од Европската мото сцена се поголеми, за таа цел тој го набави резервниот мотор на Европскиот шампион во супермото, Бугаринот Ангел Карањотов. Од финансиски причини моторот не е со целокупната опрема која ја имал Карањотов, но во секој случај се работи за супермото мотоцикл кој ќе биде многу по конкурентен од досегашниот.
Првиот тест на новиот мотор ќе се одржи наскоро на патеката Серес, а доколку се најдат спонзори кон крајот на месецот Цобо ќе настапи на трка од Шампионатот на Турција во супермото. Како и обично финансиите се главен проблем за успешен настап на нашите спортисти, па нека биде ова отворен повик од нас до сите заинтересирани за спонзорство, да ги контактираат МК Сакамото со цел да се овозможи успешен настап и достојна презентација на Македонија на ова натпреварување.
Сезоната во Европскиот Шампионат во супермото започнува во Април со трката во Романија, а завршува со трката во Турција. Годинава ќе се возат вкупно 6 трки (две во Бугарија, по една во Романија, Словенија, Италија и Турција), а целта на Цобо е доколку се соберат финансиски средства да настапи на сите.
Натпревар
|
Датум
|
Локација
|
Организатор/Држава
|
EC SM01
|
08.04.2012
|
Арад
|
ФРМ/Романија
|
EC SM02
|
20.05.2012
|
Плевен
|
БМФ/Бугарија
|
EC SM03
|
03.06.2012
|
Плевен
|
БМФ/Бугарија
|
EC SM04
|
19.08.2012
|
Вранско
|
АМЗС/Словенија
|
EC SM05
|
26.08.2012
|
Батипалија
|
ФМИ/Италија
|
EC SM06
|
23.09.2012
|
Сакарија
|
ТМФ/Турција
|