Нашите претставници викендов настапија на 10-та трка од БМУ Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам и забележаа одлични резултати. 

БМУ Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам полека се ближи кон својот крај. Извозени се 10 трки од вкупно 12 колку што ќе се возат откако беше откажана трката на патеката Батајница во Србија. Последните две трки од шампионатот се возат на патеката Серез во Грција на 28 и 29-ти октомври.

pleven 2017 2 21

Христијан Бузалковски (МК Ендуро Тим - Водно Скопје) е единствениот наш возач кој настапува во класата SP125. Тој вози одлична сезона и изминатиов викенд во Бугарија ја забележа првата победа во оваа класа. Извесно е дека Бузалковски ќе се искачи на пиедесталот на крајот од сезоната, останува да почекаме и да се надеваме дека ќе биде и повисоко од третото скалило.

Во класата SP125 во генералниот пласман Жулиета Ленкова е водечка со 213 поени, пред Милен Георгиев со 199 и Христијан Бузалковски со 186 во конкуренција на 17 возачи.

sp125

Во класата F1000 Македонија оваа сезона имаше четворица претставници во конкуренција на 56 возачи.

pleven 2017 2 52

Слободан Ивчески - Цобо (МК Сакамото) по 10 извозени трки е водечки на табелата со 135 поени. Тој вози фантастична сезона и е на добар пат да стане првиот македонски шампион во класата F1000 на БМУ Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам. Зад него во генералниот пласман е Петар Дианов со 120 поени, па и доколку настапи на последните две трки на шампионатот Цобо има 15 поени предност кои ќе му помогнат во борбата за титулата.

Pleven2b 23 copy

Игор Спиров - Зизи (МК Ендуро Тим - Водно Скопје) во конкуренција на 56 возачи се наоѓа на третата позиција во генералниот пласман со 93 поени. Тој имаше проблеми со мотоциклот во Плевен на последната трка па прокнижи помалку поени од очекуваното, но и тоа беше доволно да дојде до посакуваната трета позиција. На последните две трки ќе треба да продолжи со доброто возење како и до сега за на крајот да се радува на пласман во првите тројца на БМУ Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам.

f1000

Во ова натпреварување Македонија ја претставуваше и Драженко Тинтор (МК Мотори), возачот од Србија кој трагично загина за време на трката во Залужани (БИХ). Тој настапи на 3 трки и прокнижа вкупно 32 поени. На 25-то место во генералниот пласман се наоѓа и ветеранот Сашо Николов - Тумац (МК Мотори) кој на првата трка во Плевен во дождливи услови се искачи на подиумот освојувајќи го третото место.

Во бодувањето по земји, Македонија е на третата позиција со 339 поени. Пред нас се Бугарија и Романија, а зад нас се Турција, Грција и Србија.

Back To Top