По состанокот на Балканската мото унија кој денеска се одржа во Софија беа објавени првичните верзии на календарите за шампионатите во брзински мотоциклизам и мотокрос.
По состанокот на Балканската мото унија кој денеска се одржа во Софија беа објавени првичните верзии на календарите за шампионатите во брзински мотоциклизам и мотокрос.
Кај Балканскиот шампионат во брзински мотоциклизам има неколку промени во однос на минатогодишниот календар. Според конечната верзија на календарот предвидени се вкупно 14 трки кои ќе се возат на 4 различни патеки во Грција, Бугарија, Србија и Романија. Шампионатот ќе започне со двојна трка во Серез (Грција) на 7-ми април, а и ќе заврши со двојна трка на истата патека на 29-ти октомври.
Балкански шампионат во брзински мотоциклизам 2017 | |||
Трка | Датум | Патека | Земја |
1 и 2 | 7-9 април | Серез | Грција |
3 и 4 | 22-23 април | Мотор Парк | Романија |
5 | 29-30 април | Плевен | Бугарија |
6 и 7 | 20-22 мај | Мотор Парк | Романија |
8 и 9 | 7-9 јули | Серез | Грција |
10 | 26-27 август | Плевен | Бугарија |
11 | 23-24 септември | Батајница | Србија |
12 | 01-02 октомври | Плевен | Бугарија |
13 и 14 | 27-29 октомври | Серез | Грција |
Промени во официјалната верзија има и во календарот од Балканскиот шампионат во мотокрос:
Балкански шампионат во мотокрос 2017 | |||
Рунда | Датум | Патека | Земја |
1 | 18-19 март | Јаница | Грција |
2 | 27-28 мај | Крешево | БиХ |
3 | 10-11 јуни | Лазареа | Романија |
4 | 17-18 јуни | Глобаре | Србија |
5 | 9-10 септември | Самоков | Бугарија |
6 | 7-8 октомври | Тројан | Бугарија |
Познати е и календарот од Балканскиот ендуро шампионат, а Македонија ќе биде организатор на една од трките:
Балкански шампионат во ендуро 2017 | |||
Трка | Датум | Патека | Земја |
1 | 01-02 април | Себис | Романија |
2 | 14-15 октомври | Скопје | Македонија |
3 | Треба да се потврди | Треба да се потврди | Грција |
Беше објавен и календарот од Балканскиот супермото шампионат, три трки ќе се бодуваат и за Европскиот ендуро шампионат во класите SMJ и S3:
Балкански шампионат во супермото 2017 | |||
Трка | Датум | Патека | Земја |
1 | 29-30 април | Плевен | Бугарија |
2 | 03-04 јуни | Ќустендил | Бугарија |
3 | 26-27 август | Плевен | Бугарија |
4 | 01-02 октомври | Плевен | Бугарија |