Ако сакате да потрошите пари на мотоцикл кој е истовремено редок и уникатен ви го претставуваме новиот Valiant SC.

Ако сакате да потрошите пари на мотоцикл кој е истовремено редок и уникатен ви го претставуваме новиот Valiant SC.

Претходник на овој ѕвер беше Hesketh 24 кој беше претставен пред две години. Тој имаше V-twin, 1950cc мотор кој можеше да произведе 125 коњски сили и беше произведен во само 24 примероци.

2018 hesketh valiant sc is your luxury supercharged bomber cruiser 2

Од компанијата одлучија дека е време за нешто ново и го направија Valiant SC. Веќе сигурно имате откриено дека SC значи „Supercharged“. Но тоа не е се. Моторот е посилен и сега има зафатнина од 2100cc и развива 210 коњски сили.

Овој моќен мотор го држи двојна челична рамка, а предните амортизери се од Ohlins и K-Tech додека пак задниот амортизер е контролиран од K-Tech Razor.

За сопирање мотоциклот користи Hesketh 12 клипен систем за предното тркало и Beringer 4 клипен систем за задното тркало. Исто така има и голем број на Rizoma делови заедно со рачно изработениот резервоар за гориво.

Грешите доколку мислите дека мотоциклот ќе биде лесен. Неговата тежина изнесува 239 килограми. Од компанијата велат дека новиот мотоцикл ќе биде достапен во летото 2018 година, а се очекува да има цена од околу 55.000 евра.

Back To Top