Компанијата ни го претстави  Yamaha T7 концептот кој ќе продолжи од онаму каде што застана Yamaha XT600Z Ténéré. Концептот Yamaha T7 ќе го користи истиот 270° паралелен мотор кој го има и кај Yamaha MT-07/FZ-07 уличните мотоцикли.

Еден дел од програмата на Yamaha на EICMA шоуто ќе биде посветен и на иднината. Компанијата ни го претстави  Yamaha T7 концептот кој ќе продолжи од онаму каде што застана Yamaha XT600Z Ténéré. Концептот Yamaha T7 ќе го користи истиот 270° паралелен мотор кој го има и кај Yamaha MT-07/FZ-07 уличните мотоцикли.

Yamaha T7 3

Моделот има комплетно нова шасија која одговара на овој стил на возење и на него има многу малку електроника. Овој мотоцикл особено ќе им се допадне на сите оние кои сметаат  дека новите авантуристички мотоцикли се премногу софистицирани за вистинско авантуристичко возење.

Моделот се развива заедно со „Official Rally“ од Франција, „ Yamaha R&D“ од Италија и „ GK Design “ од Холандија. Тој има алуминиумски резервоар за гориво, LED предни светла, KYB суспензија и издув од „Akrapovič“. Yamaha T7 официјално се очекува да се најде во производство во 2018 година.

На нас ова ни звучи интересно. Што мислите вие? 

Back To Top