Во јуни, компанијата Royal Enfield ја претстави програмата „My Kinda Bike“, а последната фабрика која се вклучи во оваа програма е Италијанската Moto Morini која само што ја претстави својата „Yours and Yours Alone“ програма.

Рачно изработените мотоцикли и делови отсекогаш биле интересен дел од светот на мотоциклите. Уште откога возачите започнаа да ги персонализираат нивните мотоцикли, производителите започнаа да вложуваат напори на потошувачите да им обезбедат такви делови. Ваквите обиди доведоа до создавање на производи како што се „OG boat-tail Superglide“, првиот целосно променет Honda Goldwing, Triumph Bonneville Bobber како и целиот каталог со делови на Harley.

moto morini corsaro ti22 770x440

Новина во овој свет сега е можноста сами да дизајнирате притоа користејќи делови, додатоци како и стручна помош од компаниите. Во јуни, компанијата Royal Enfield ја претстави програмата „My Kinda Bike“, а последната фабрика која се вклучи во оваа програма е Италијанската Moto Morini која само што ја претстави својата „Yours and Yours Alone“ програма.

IMG 5915

Moto Morini е Италијански производител на мотоцикли кој е основан во 1937 година од страна на грофот Алфонсо Морини. Низ текот на годините, компанијата неколку пати е купувана и продавана. Откако во 2009 година беше поднесено барање за ликвидација, во 2012 година фирмата повторно оживеа и до денеска се уште продолжува со производство на високо квалитетни Италијански мотоцикли.

MMScrambler special 2

Програмата “My Kinda Bike” оди чекор понапред во споредба со останатите производители. Наместо само да ги остави потрошувачите да изберат делови од каталогот, Moto Morini има свој посебен оддел кој работи заедно со потрошувачите со цел да се создаде уникатна машина. Компанијата има и голем каталог во кој се содржани сите делови и дополнителна опрема. Откако заинтересираното лице ќе ги одбере деловите, од компанијата го советуваат каква боја најдобро би му прилегала на мотоциклот. Бидејќи секој мотоцикл на Moto Mоrini е составен рачно, сите модели ги добиваат точните спецификации кои ги бара потрошувачот.

IMG 5914

„Секој мотоцикл е различен од претходниот, ова е целта на нашиот оддел,“ пишува на интернет страната на компанијата.

Нивните мотоцикли не се ни малку евтини, иако засега не е позната цената, се очекува истото да важи и за оваа програма. Доколку програмата „Yours and Yours Alone“ се покаже како успешна, големи се шансите и другите компании да почнат да ја применуваат.

Back To Top