На саемот „EICMA“ во Милано Хонда ги претстави новите модели за 2013. Иако најмногу внимание им беше посветено на новите модели со агрегати од 500цц, на штандот на Хонда блесна и новиот CBR600RR.
На саемот „EICMA“ во Милано Хонда ги претстави новите модели за 2013. Иако најмногу внимание им беше посветено на новите модели со агрегати од 500цц, на штандот на Хонда блесна и новиот CBR600RR.
Видно изменетата предница е она што прво паѓа во очи, еден од оние моменти за кои е излишно да се коментира, или ви се допаѓа, или не. Нам ни изгледа поразлично од она на што сме навикнати кај CBR600RR, кај „HRC“ верзијата разликата од претходниот модел е потенцирана, додека кај „Repsol“ заради боите предната маска наликува на својот претходник.
Задницата е карактеристична од времето на CBR1000RR, моделот кој се произведуваше до 2007-ма година, кој иако изгледа подобро од оној на следниот модел, сепак е застарен. На „HRC“ шарата забележителна е традиционалната црна боја на рамот и сребрена за задната вилушка која изгледа многу подобро кај „Repsol“ верзијата на која боите се исти. Деталите ја подобруваат сликата, па така забележителни се повеќе карбонски делови (предниот и задниот браник, штитниците на издувите...).
Техничките карактеристики се во полза на новиот модел. Изменетата предница го намалува триењето на воздухот за 6%, а предната вилушка на „Showa“ од 41мм ќе помогне за одлична контрола и стабилност на новиот мотор. Впрочем целиот акцент на новиот модел е ставен на шасијата, па не е ни чудно што нема промени во агрегатот. Направена е промена на инјекторите за гориво и вграден е новиот систем „PGM-DSFI“ како и нови мапи за компјутерот, но самиот агрегат е задржан од претходниот модел. Новата Хонда е олеснета во однос на претходната, а забележлив детал се и новите бандажи, исти како оние кои минатата година дебитираа на моделот CBR1000RR.
Новите модели на Хонда ќе пристигнат во салонот на Макпетрол кон крајот на февруари/почетокот на март следната година, цената за новата Honda CBR600RR изнесува 11.990 евра, а моделот со АБС ќе чини 12.990 евра.