Според една објава на Инстаграм, се чини дека Бредли Смит го напуштил MotoGP тимот на Aprilia.

На сликата може да се види мотоциклот на Yamaha, што ни сугерира дека Бредли Смит се разделил со Aprilia. Со ова тој отпаѓа од игра за пополнување на испразнетото место во MotoGP тимот или пак за позицијата тест возач.

После шест сезони во Tech3 Yamaha (два подиума) а потоа и КТМ, Смит се приклучи на Aprilia во 2018 година како тест возач но настапи и на неколку трки.

Англичанецот потоа го замени Андреа Ианоне во сезоната 2020 а најдобар пласман му беше дванаесетото место. Сепак, на последниет три трки од сезоната тој беше заменет со другиот тест возач, Лоренцо Савадори.

Откако беше потврдена казната на Ианоне, неколку Moto2 возачи ја одбија можноста да преминат во Aprilia. Фабричкиот тим потоа соопшти дека нивен возач во сезоната 2021 ќе биде некој помеѓу Смит и Савадори.

Конечната одлука не требаше да биде донесена се до крајот на претсезонските тестови. Тогаш требаше да се дознае кој ќе му биде нов колега на Алеш Еспаргаро а кој ќе продолжи да биде тест возач.

Неодамна се појавија гласини дека Aprilia веќе ја донела одлуката и дека планирале местото во тимот да му го понудат на Савадори а Смит да продолжи да биде тест возач и во иднина.

Bradley Smith on Instagram Project 109 is complete 09 02 new

Од екипата негираа дека донеле конечна одлука. Менаџерот на Смит, Боб Мур, неодамна откри дека, иако се бавни, се уште траат преговорите со Aprilia. Сепак, со оглед на последната објава на Смит, се чини дека конечната одлука која била донесена не му одговара на возачот со број 38.

Поранешниот возач во класата од 125cc, објави слика од Yamaha R3 тркачкиот мотоцикл под која пишува 'No Looking Back' и 'Project #109 is complete'. Да се објави ваква слика би било незамисливо доколку Смит планира да продолжи со Aprilia.

Се чини дека Савадори ќе продолжи заедно со Еспаргаро во MotoGP оваа сезона, освен доколку нешто не се промени и доколку успеат обидите на тимот да потпише договор со Андреа Довициозо.

На патеката во Херез кон крајот на месецот, Aprilia треба да ги извози првите кругови оваа сезона.

Back To Top