Дани Педроса, сега тест возачот на Red Bull KTM Factory Racing за прв пат на патеката во Австрија ќе се појави со KTM RC16 во натпреварувачка конкуренција. 

35-годишниот Дани е MotoGP легенда којa зад себе има 31 победа и 112 подиуми во својатa 13-годишна MotoGP кариера која заврши во 2018 година. Од 2019 тој е тест возач и интегрален дел од развојниот тим на KTM. Дани помогна во сериозниот напредот на RC16. Педроса во својата кариеара 11 сезони беше во топ 5 возачи а три на втората позиција. Неговата последна трка, во Валенсија беше скоро пред 1000 дена каде заврши на 5-та позиција. 

Dani Pedrosa MotoGP 2021

Дани Педроса: “Супер интересно е да се биде дел од ваков проект и да може да го споделам моето искуство уште од самиот почеток на KTM во MotoGP. Чекор по чекор правиме се што можеме, и сега, кога ја имам шансата да бидам дел од трка, комплетно ми се нуди нова перспектива во споредба со нормален тест. Помина многу време од мојата последна трка, се разбира начинот на размислување и подготовка за трка е различен од оној за тест. Мојот фокус е да ги тестирам работите кои ги подобрувавме на моторот во услови на трка. Сакам да ги разберам подобро барањата на возачите за различните сесии и технички карактеристики. Гледајќи од дома можам да ги почуствувам промените на моторите и трките но за да можам подобро да го разберам MotoGP сега, новите технологии и стратегии морам да ја искористам оваа можност и да се појавам на патеката. Тешко е да се зборува за очекувањата после толку долга пауза. Може ќе се поклопат работите и ќе влезам во тој натпреварувачки менталитет но може и нема. Ќе се обидам максимално да уживам целиот викенд, колку што можам.”
Back To Top