Ducati ќе го претстави новиот мотор на прес конференцијата на Wrooom на која ќе присуствуваат Андреа Довициозо, Ники Хејден, Андреа Ианоне и Бен Спиз.

ducati-2013

Ducati ќе го претстави новиот мотор на прес конференцијата на Wrooom на која ќе присуствуваат Андреа Довициозо, Ники Хејден, Андреа Ианоне и Бен Спиз.

Ducati ќе ја започне новата сезона во MotoGP светскиот шампионат оваа недела кога ќе го претстави новиот мотор Desmosedici GP13 на прес конференцијата на годинешниот Wrooom настан. Италијаните се подготвуваат за свеж почеток, со Audi како нови сопственици на тимот и без Валентино Роси како главен возач.

Делејќи ја прес конференцијата со Формула 1 тимот на Ферари, на 23-тиот годишен настан во Трентино- северна Италија, Ducati официјално ќе ја започне својата кампања за овогодинешниот MotoGP шампионат. Андреа Довициозо ќе го замени Валентино Роси кој премина во Yamaha и ќе му се придружи на Ники Хејдн кој ја вози својата 5-та сезона за тимот.

Возачите на тимот Pramac, Андреа Ианон и Бен Спиз исто така ќе присуствуваат на прес конференцијата во Мадона ди Кампиљо. Нивното присуство е индикација дека Ducati силно ќе го подржи својот втор тим во сезоната 2013 на MotoGP шампионатот.

Прес конференцијата ќе се одржи на 15 Јануари (вторник) и на неа ќе учествуваат сите возачи. Новиот генерален менаџер на Ducati Corse, Бернард Гобмеир ќе одговара на прашања на новинарите во среда.

Исто така во среда, новиот модел GP13 ќе биде презентиран во боите на Ducati и Pramac, пред тој да биде префрлен на патеката во Сепанг каде на 5ти Февруари се закажани и првите тестирања.

Да потсетиме, иако потпишаа договор со Валнтино Роси, Ducati имаа ужасни две сезони, на кои само четири пати успеаа да се искачат на подумот.

Back To Top