„Потоа, ќе биде дозволена само една промена на екстерниот додаток и една промена на предниот браник“

Откако ја забранија употребата на крилата за следната сезоната, Гран При комисијата за сезоната 2017 објави нови промени кај „аеродинамичната еволуција.“

PA2049220.0008

„За да се намалат трошоците, ќе има лимит на бројот на промени што еден производител ќе може да ги прави на екстерниот дизајн или на предниот браник во текот на сезоната.  Иницијалните дизајни ќе бидат одобрени од страна на Техничкиот Директор на првиот настан во сезоната. Потоа, ќе биде дозволена само една промена на екстерниот додаток и една промена на предниот браник во текот на таа сезона. Рестрикциите ќе се однесуваат на возачот а не на бројот на мотоцикли.“

Многумина веруваат дека забраната за употреба на крилцата ќе доведе до употреба на многу покомпликувани екстерни додатоци, бидејќи производителите ќе се обидат да ја надоместат загубената сила.

Во сезоната 2018, целиот костум на возачот ќе мора да биде опремен со воздушни перничиња.

Back To Top