ФИМ MotoGP™ судиите потврдија дека Марк Маркез (Repsol Honda Team) ќе мора да одслужи двоен долг круг на неговата следна трка, на Red Bull Grand Prix of The Americas.

Маркез беше казнет со двоен долг круг откако го удри Мигел Оливеира (CryptoDATA RNF MotoGP™ Team) на почетокот на трката во Португалија. За жал, и двајцата возачи ќе отсуствуваат од следниот тркачки викенд во Термас де Рио Хондо поради повреди.

 93 marc marquez ds 1151 0.big

Локалниот херој и возач во МотоГП™, Мигел Оливеира, нема да учествува на следната трка во Аргентина поради повреда која ја доби на трката во Португалија. По повредата, Оливеира отиде на дополнителни прегледи во својот роден град, каде што беа откриени дополнителни повреди кои го спречуваат да учествува на второто Гран При во сезоната.

И покрај пречката, Оливеира останува фокусиран на неговата цел да биде конкурентен на Светското првенство и ќе се посвети на неговото оздравување, за да може да се врати на својата Aprilia RS-GP во третиот круг од сезоната во Остин, Тексас, само две недели подоцна.

Целата CryptoDATA RNF MotoGP™ екипа му посакува брзо оздравување на Оливеира и се надева на негово брзо враќање на патеките. Тој нема да биде заменет во Аргентина.

Марк Маркез нема да учествува на Гран При трката во Аргентина

По враќањето во Шпанија за дополнителни прегледи, Марк Маркез беше дијагностициран со дислоцирана интракуларна фрактура на основата на првата метакарпална коска на десната рака. Бројот 93 веднаш беше подложен на операција во Ruber Internacional Hospital во Мадрид, каде што д-р Игнасио Роџер де Она го предводеше тимот, составен од д-р Самуел Антуња и д-р Андреа Гарсија Виљануева.

Операцијата вклучуваше затворено редуцирање на фрактурата и интерна фиксација на истата со две шрафови и помина без проблеми.

Марк Маркез и Repsol Honda Team одлучија осумкратниот светски шампион да не учествува на следната рунда од Светскиот шампионат со цел да се подготви за продолжението од шампионатот.

Со оглед на ова, според последното соопштение од МотоГП, казната ќе биде применета на Маркез на следната трка, откако тој ќе се опорави од повредата. 

Back To Top