Андреа Јанон на патеката во Сепанг не се обиде да постави најбрз круг, наместо тоа повеќе се фокусираше на темпото

Последниот ден од тестовите во Сепанг на италијанскиот возач Андреа Јанон му покажаа дека мотоциклот на Suzuki, GSX-RR, може да остане во одлична кондиција во текот на целата трка.

Наместо да брка најдобро време со меки пневматици, Јанон работеше на темпото во обид уште повеќе да го подобри електронскиот пакет на Suzuki.

janon sepang

Денот го заврши со десетто најдобро време со заостанување од 0,667 секунди зад лидерот Маверик Вињалес. Но сепак, времето кое го постигна во вторникот му овозможи на крајот да се најде на второто место во генералниот пласман.

„Овие три дена поминаа добро,“ изјави Италијанецот. „Многу сум среќен поради вчера. Тогаш возевме малку побрзо и сакавме да постигнеме добар резултат.“

„Денеска не ги употребивме новите пневматици за да го подобриме времето кое го постигнавме. Повеќе се фокусиравме на темпото и се подобривме во таа област. Многу сум среќен бидејќи ова денеска ни беше приоритет. Со мали промени, денеска подобривме многу работи.“

„Секако дека сакаме да ја подобриме електрониката. Но мислам дека имаме добра шанса, добар потенцијал со овој пакет.“

Јанон забележа вибрации на предното тркало кои предизвика проблеми кај бавните свиоци. Признава дека треба да работат на овој проблем во следните неколку недели.

„Имав мала вибрација во бавните свиоци. На брзите свиоци мотоциклот е перфектен. Нема никакви вибрации ниту пак тресење.“

„Кога се случува вакво нешто мотоциклот е многу тежок за контролирање. Мислам дека вчера пробавме некои работи кои помогнаа во овој дел.“

„Денеска за жал не можевме да продолжиме да ги користиме. Но ќе ги имаме за време на целиот тест во Австралија и во текот на целата година.“

Во однос на темпото кое го имаше на последниот ден, Јанон вели дека многу работи сугерираат дека ќе има интересна борба оваа сезона.

„Беше во ред. Имавме добро темпо со веќе употребените пневматици. Не се споредував со останатите возачи но мислам дека на сите трки ќе бидеме некаде на врвот.“

Back To Top