Само пет дена траеше радоста на Роберто Ролфо дека ќе има прилика да се натпреварува во МотоГП шампионатот со тимот на „IodaRacing“. Откако минатиот викенд тимот го најави како втор човек кој ќе му прави друштво на Данило Петручи, по завршувањето на тестовите резултатите беа далеку под очекуваните..
Само пет дена траеше радоста на Роберто Ролфо дека ќе има прилика да се натпреварува во МотоГП шампионатот со тимот на „IodaRacing“. Откако минатиот викенд тимот го најави како втор човек кој ќе му прави друштво на Данило Петручи, по завршувањето на тестовите резултатите беа далеку под очекуваните, па Џампиеро Саки е во потрага по нов возач за својот тим.
Според нашите информации во игра за место во тимот е Крис Вермулен, возачот со кој направивме интервју на почетокот од 2011 година. Вермулен последен пат настапуваше за тимот на Кавасаки во Супербајк шампионатот, каде 2010 година ја одбележа стравотниот пад заради кој подоцна се повлече од сезоната, а и следната 2011 не беше ништо подобра за него. Бројните повреди, а потоа и операции го оддалечија од патеките па иако не е миленик на CRT тимовите, ова ќе биде одлична можност за него да се врати во МотоГП. Имајќи во предвид дека во 2012 година настапи само на една трка кога го замени повредениот Колин Едвардс на патеката ЛеМан, и притоа финишираше на 17-та позиција, „IodaRacing“ се чини како логична одлука во моментов.
Сеуште не е потврдена официјално информацијата, но се очекува во текот на следната недела да бидат финиширани сите формалности и тимот да добие искусен возач, а Крис Вермулен повторно да се врати на патеките.