„Валентино малку по малку ми се приближуваше и затоа беше важно да го запрам бидејќи ако не го сторев тоа неговата самодоверба дополнително ќе се зголемеше“ – Марк Маркез

Марк Маркез ја истакна важноста на тоа дека успеал да го запре својот ривал Валентино Роси дополнително да ја намали предноста, откако возачот на Repsol Honda успеа да оствари победа на трката која се оддржа во Арагон.

Маркез, кој возеше во одлична форма за време на тренингот и на квалификациите, ја оствари својата прва победа по трката во Сашенринг, Германија.

23 годишниот возач сега има преност од 52 бодови во однос на Роси кој заврши на третото место веднаш зад тимскиот колега Хорхе Лоренцо.

За Маркез, оваа победа преставува важен чекор кон освојување на неговата трета MotoGP титула.

PA2034724.0008

„Оваа победа беше особено важна. Важна е бидејќи после трката во Германија, а особено и во Австрија, не успеавме да постигнеме победа. Исто така оваа победа е важна бидејќи Валентино малку по малку ми се приближуваше и морав да го запрам. Ако не го сторев тоа, неговата самодоверба ќе се зголемеше и ќе имавме проблеми. Но после оваа победа повторно се чувствувам добро на мотоциклот,“ изјави Маркез.

„Ја очекував оваа трка бидејќи морав уште од почеток да нападнам и за среќа се се одвиваше според планот. Предноста што ја имаме е добра но како што видовме денеска, мораме да бидеме многу концентрирани бидејќи многу лесно може да се направи грешка.“

„Сега одиме на трките кои ќе се оддржат во Азија и тие ќе бидат особено тешки бидејќи се оддржуваат една по друга. Но мораме да го задржиме истиот менталитет, истата концентрација бидејќи знаеме дека на некои трки ќе имаме повеќе проблеми а на некои помалку. Затоа мораме да останеме смирени и да ги завршиме сите трки.“

Маркез, кој имаше проблеми на стартот, мораше да се избори за да дојде до победата.

„После загревањето се чинеше дека се е во ред но сепак имаше мал проблем со запирањето а особено бидејќи секој пат кога ќе излезеш на патеката, чувството е различно. Се обидов да го имам истото чувство кое што го имав на тренингот и се обидов да притиснам, но за жал имав проблем на седмиот свиок,“ изјави Маркез.

„Бев многу блиску за да паднам, но после тоа си реков дека мора да останам смирен. Малку по малку ги престигнував останатите возачи и кога го престигнав Валентино успеав да направам доволна разлика за да победам на трката.“

PA2034714.0008

Иако има значителна предност во однос на останатите возачи, Маркез ги отфрли сугестиите дека би можел да ја освои титулата на домашната патека на Honda, Мотеги во Јапонија.

„Во Јапонија нема да ја освојам титулата. Би сакал да го сторам тоа бидејќи таа патека е домашна за мојот тим, но сепак мислам дека нема да се случи тоа. Мораме да бидеме трпеливи и не смееме да направиме грешка. Важно е да победиме а не е важно каде ќе го сториме тоа. Мораме да го задржиме истиот менталитет.“

„Трките на островот Филип и во Валенсија беа добри за мене минатата сезона а исто така и патеката во Мотеги. Бев добар на суви услови но на влажни е поинаку,“ додаде Маркез.

„Ќе видиме како ќе се одвиваат работите во Малезија но ние мораме да го задржиме истиот менталитет. Ако не успееме да оствариме победа на првата трка, мораме да бидеме трпеливи.“

Маркез, кој имаше близок контакт со Лоренцо, подоцна му се извини за случката.

„Тоа беше првиот круг и првото претекнување во свиокот број 15, Тоа беше особено важно за мене. Не пресметав добро и беше некако премногу тесно. Но за среќа, не се случи ништо посериозно.“

PA2034704.0008

Back To Top