Марк Маркез на последниот ден од претсезонските тестови падна три пати. Шпанецот призна дека направил неколку грешки за време на сесијата но сепак вели дека има самодоверба. Маркез го испроба и новиот надворешен додаток на мотоциклот на Honda.

Актуелниот шампион се надева дека нема да ги повтори грешките на првата трка и вели дека единствениот возач кој има предност на трката во Катар е Маверик Вињалес.

93 marc marquez espdsc 4984 0.big

Марк Маркез: „Задоволен сум од ритамот кој го имавме иако е очигледно дека ова не е најдобриот претсезонски тест. Паднав три пати, првиот пат поради вибрација поради која не успеав да притиснам на сопирачката на време. Падот за време на тркачката симулација беше по моја вина. Добро е што овие работи се случија за време на тестовите и се надевам дека кога ќе се вратиме на патекава ќе бидеме многу подобри. Како што кажав, нашиот ритам е добар. На оваа патека само Маверик е подобар и ако трката се оддржи утре, мислам дека ќе можеме да се бориме за место на подиумот.“

Back To Top