valentio-rossi-bridgestone9 кратниот светски шампион Валентино Роси го продолжи договорот со „Bridgestone Europe“ и ќе продолжи да дејствува како советник за развoj на гуми за мотори.

valentio-rossi-bridgestone

9 кратниот светски шампион Валентино Роси го продолжи договорот со „Bridgestone Europe“ и ќе продолжи да дејствува како советник за развoj на гуми за мотори.

Како и во претходниот договор, Роси и „Bridgestone“ ќе работат заедно на промоција на мотоциклизмот на ентузијасти ширум Европа, подржувајќи го концептот на „Bridgestone“ познат како „од патека на улица“. Роси ќе делува во улога на професионален возач. Неговиот MotoGP тим и неговите спонзори не се вклучени во договорот.

„Работам со „Bridgestone“ во MotoGP многу години и отсекогаш сум бил импресиониран од нивниот професионализам и од квалитетот на нивните производи. Продолжувањето на овој договор ми дава одлична можност да придонесам во развојот на новите „Bridgestone“ гуми за мотори“, изјави италијанецот.

Дел од неговата улога ќе биде да даде оценkи и мислења за „Bridgestone“ гумите за мотоцикли, особено во категориите хипер-спорт, спорт и спорт-туринг. „Bridgestone“ ќе го искористи неговото мислење за да произведе гуми за комерцијална употреба со подобри перформанси и подобрени безбедносни стандарди.

Франко Ануцато, извршниот директор и претседател на „Bridgestone“ за Европа изјави: Валентино Роси е одличен амбасадор на нашата компанија. Со продолжувањето на овој договор ги обезбедивме мислењата и препораките на еден од најдобрите моторциклисти на сите времиња кој ќе ни овозможи да ги произведеме најдобрите Battlax гуми на пазарот.

„Bridgestone“ влезе во MotoGP во 2002 година, а во 2009 година стана официјален снабдувач со гуми на светскиот шампионат.

Back To Top