„За жал, не притиснавме силно бидејќи немав добро чувство со меките пневматици и не бев доволно храбар како Кал“ – Валентино Роси

Валентино Роси е задоволен од одлуката да вози со тврда задна гума на трката во Брно. Сепак, возачот на Movistar Yamaha не беше задоволен бидејќи одбра мека предна гума.

Британскиот возач Кал Кратчлоу направи перфектен избор бидејќи се одлучи да вози со тврди гуми, и на крајот заврши со предност од седум секунди во однос на Роси.

Италијанскиот возач се искачи на второто место во генералниот пласман и го претекна својот тимски колега Хорхе Лоренцо.

g1104594 e.gallery full top fullscreen

„Имав еден круг загревање пред да се појавам на стартот. Но условите беа комплетно поинакви од утрото кога имаше вода на патеката,“ изјави Роси.

„Одлучивме да настапиме со тврди пневматици. Разговаравме и со Пасквал од Michelin. Пред да почне трката сите гледаа во другите возачи за да видат со какви пневматици тие ќе настапат.  Беше ризично, но на крајот се обидовме. Но за жал не ставивме тврд пневматик на предното тркало  бидејќи утрово немав добро чувство со мекиот пневматик. За жал не бев доволно храбар како Кал,“ додаде Роси.

„Првите неколку круга беа страшни, бев очаен. Сите ме претекнуваа, беше многу тешко. Во еден момент си помислив дека можеби ќе биде доволно суво, и во тој момент сфатив дека можеби мојот избор е исправен. Исто така и Кал ме претекна и знаев дека вози со тврди гуми. Потоа се обидов само да возам добро и да гледам да не направам грешка.“

На почетокот на трката Роси се најде на дванаесетото место но набрзо сфати дека одлуката да вози со тврда задна гума е исправна.

„На стартот си помислив дека има големи шанси да има уште еден старт на дожд. Си помислив дека со мека задна гума после неколку круга ќе загубиме многу. После четири или пет круга патеката се уште не беше доволно сува, па си реков, што ќе правиме сега? Можеби требаше да имам мали проблеми на почетокот но после тоа ми стана јасно дека донесов исправна одлука,“ изјави Роси.

Роси е задоволен што повторно се искачи на подиумот.

„Важно е бидејќи  не сум се искачил на подиумот од трката во Барселона и почнував по малку да бидам тажен. После Барселона на неколку трки бев компетитивен но немав среќа и направив премногу грешки. Загубивме многу поени. Затоа овој резултат е многу важен за мене и за мојот тим.“ 

„Исто така овие 20 поени се важни за шампионатот бидејќи сега сум на второто место на табелата.“

Back To Top