Валентино Роси нема да дозволи големиот број на фанови да го деконцентрираат од постигнувањето на крајната цел: победа во Муџело

Добар почеток на викендот стана главен фактор за перформансите на Валентино Роси.  Бидејќи не успеа да најде добра основа, тој не постигна добар резултат на трката во Ле Ман. Роси е решен да не ја повтори истата грешка и во Муџело. Таа не е само негова домашна трка, туку и патека на која имал неверојатни настапи во минатото, односно седум последователни победи во MotoGP шампионатот од 2002 до 2008 година. По победата во 2008 година, тој повторно не успеа да се искачи на подиумот. Со заостанување од 12 поени во однос на тимскиот колега Хорхе Лоренцо, борбата за титулата се уште е отворена. Роси повторно ќе се обиде да ја освои својата десета титула во кариерата.

46 valentino rossi ita gp 8451.big

„Имам постигнато многу победи тука, сум имам одлични борби и многу добри спомени,“ Валентино Роси

На трката во Муџело, Роси за прв пат ќе настапува и со специјално дизајнираната кацига. Досега на неа се наоѓале различни слики, но овој модел е фаворит кај навивачите.  По традиција, кацигата за прв пат ќе биде претставена пред третиот слободен тренинг.

„Го сакам Муџело и атмосферата која се создава. Тешко ми е да ја задржам концентрацијата бидејќи на трибините има многу мои фанови и пријатели. Оваа трка особено ми е драга и поради овој факт. Имам постигнато многу победи тука, сум имам одлични борби и многу добри спомени. Мислам дека оваа сезона можеме да бидеме конкурентни бидејќи имаме добар мотоцикл и полека влегувам во посакуваната форма. На трката во Ле Ман не бевме добро подготвени. Но тука нема да ја повториме истата грешка. Сега сум комплетно подготвен за трката во Муџело. “Валентино Роси

Back To Top