Yamaha го продолжи договорот со MotoGP но иднината на сателитските тимови се уште не е одлучена. „Ќе разговараме со кандидатите кои се достапни, еден од нив секако ќе биде Petronas а можно е да разговараме и со VR46“.

Yamaha официјално соопшти дека им се приклучи на останатите производители, KTM, Ducati и Honda со тоа што го продолжи договорот со MotoGP кој сега важи до крајот на сезоната 2026.

„Yamaha оваа година слави 60 години Гран При натпреварувања“, изјави директорот на Yamaha Racing, Лин Џарвис.

„Започнавме во 1961-ва година, само 5 или 6 години откако беше креирана компанијата. Дефинитивно сме посветени на MotoGP. Yamaha потпиша договор со Dorna со важност од 2022 до 2026 и многу сум среќен поради тоа. “

Yamaha Moto GP 2021 txt

Иако договорот меѓу двете страни не преставува големо изненадување, Suzuki и Aprilia се очекува да го направат истото, се поставува прашањето што ќе се случи со сателитските тимови.

Pertronas во моментов е партнер на Yamaha а во добар дел од минатата сезона беа на лидерската позиција благодарение на Фабио Куартараро и Франко Морбидели кој на крајот заврши на второто место во генералниот пласман.

Но како и сите независни тимови, и договорот меѓу Petronas и Yamaha треба да се обнови по завршувањето на сезоната.

Иако продолжување на соработката се чини како логичен чекор, директорот на Yamaha очекува и VR46 да биде кандидат доколку се одлучат да станат дел од серијата.

„Во однос на сезоната 2022, точно е дека имавме три годишен договор со Petronas, кој истекува по завршувањето на сезоната“ , вели Џарвис.

„Оваа сезона повторно ќе преговараме со сателитските тимови. Но нема само Yamaha да има преговори со тимовите, тука се и Aprilia а можеби и Suzuki ќе одлучи да има сателитски тим. Дали Ducati ќе продолжи да има два сателитски тимови? Во моментов се чини дека јасна е ситуацијата единствено во КТМ кои имаат добра соработка со Tech3.“

„Во однос на нашата ситуација, соработката меѓу Petronas и Yamaha дефинитивно се покажа како успешна. Минатата сезона тие победија на шест трки а нивниот возач заврши на второто место на табелата.“

Yamaha Moto GP 2021 txt 1

„Затоа не треба да се поставува никакво прашање во однос на нивните можности и капацитет.“

„Дали VR46 ќе влезе во серијата или не? Од она што јас го знам, тие имаат опција која истекува после одреден период, Верувам дека сериозно ја разгледуваат оваа можност.“

„Yamaha ќе разговара со сите кандидати кои се достапни а меѓу нив сигурно ќе биде Petronas а можеби и VR46 ако одлучат да станат дел од шампионатот. “

„Се уште ништо не е почнато. Во моментов нема никакви преговори но тие дефинитивно ќе стартуваат во април и мај.“

Back To Top