IMG 3858Мото клубот Александар со поддршка од Мотоциклистичката федерација на Македонија (МФМ) во соработка со меѓународни партнери од Бугарија, Албанија и Грција од 7 до 14 беше организатор на „Балканскиот рели маратон 2012“.

 IMG 3858

Мото клубот Александар со поддршка од Мотоциклистичката федерација на Македонија (МФМ) во соработка со меѓународни партнери од Бугарија, Албанија и Грција од 7 до 14 беше организатор на „Балканскиот рели маратон 2012“. Победници на релито се: во ГПС класата - Красимир Колев (Бугарија; кај мотоциклите во М1 – Хено Ван Бергеијк (Холандија), во М2 – Мартин Фонтин (Белгија); и кај теренските возила во Т1 – Трајанов/Маринков (Бугарија) и Шапира Молдавски (Израел).

IMG 4728

Четвртото издание на „Балканскиот Дакар“ се состоеше од промотивен брзинец – пролог, 6 денови со брзински испити и поврзувачки етапи и 1 ден за одмор. Вкупна должина на релито беше околу 2.500 километри од кои околу 2.000 километри се специјални испити по макадамски патишта. Натпреварувачите со мотоцикли, четвороциклите (АТВ) и теренски возила минаа низ Македонија на 8 и 9 септември. Вкупно 40 пријавени учесници од 

IMG 4173

десеттина земји стартуваа на досега најтешкото маратонско рели во Европа, а само половина од нив пристигнаа  на целта во Игуменица, Грција. Дел од нив веќе имаа искуство на светски најпознатото рели „Дакар“, а дел ќе дебитираат во 2013 година, и го искористија „Балканскиот рели маратон 2012“ за последни подготовки.

Боите на Република Македонија ги бранеа 4 натпреварувачи. Кај мотоциклите ќе учествуваат: Сашко Ванов, Александар Петровски и Методија Саздов (сите со мотоцикли Јамаха), додека кај четвороциклите учествуваше Тони Димитровски (Хамачи рејсинг). Иако настапи на само 2 денови со брзински испити, Димитровски на крајот го освои 8 место и не успеа да го повтори успехот од 2009 година кога беше третопласиран.

IMG 4381

Рамноправно со колегите настапија и 4 дами: Политими Кирјакопулу (Грција) и Денка Јорданова (Бугарија) со мотоцикл, потоа нејзините сонароднички Зорница Тодорова со четвороцикл, како и нивната сонародничка Лидија Коцева кај теренските возила. Најуспешна беше Кирјакополу која е редовна учесничка на ова рели и го освои третото место во класата М1.

Специјален делегат испрати и светската мотоциклистичка федерација ФИМ, а од неговата оценка ќе зависи дали „Балканскиот рели маратон 2013“ ќе биде дел од светскиот шампионат за следната сезона. Според неофицијалните информации, делегатот е задоволен од организацијата на релито и се очекува да достави позитивен извештај до ФИМ.

IMG 4227_copy

Членовите на МК Александар во изминатите 2 месеци макотрпно работеа на трасирањето на патеките низ Македонија. Вкупно 530 километри и 5 специјални делници беа на програмата на годинешното рели. Претседателот на Комисијата за офроуд при МФМ, Велибор Каевски беше назначен за заменик директор на релито, а Владимир Карчицки за раководител на екипата за мерење на време. Хроно екипата доби позитивно мислење од сите учесници и веќе договори мерење на време на натпревари во Албанија, Бугарија и Грција за следната сезона.

Петтото јубилејно издание на „ Балканскиот рели маратон“ е предвидено за септември 2013 година.

Back To Top