Мото сојузот на Србија соопшти дека во план е изградба на мотодром во Србија, во близина на границата со Романија во месноста Калуѓерово (Бела Црква).

Idejno-Resenje-1

Мото сојузот на Србија соопшти дека во план е изградба на мотодром во Србија, во близина на границата со Романија во месноста Калуѓерово (Бела Црква).

Со одлука на управниот одбор на Мото сојузот на Србија, а во соработка со компанијата „Unicibus“ започнати се подготовки за изградба на модерна патека за трки со мотори.

Првиот мотодром во Србија ќе биде изграден во местото Калуѓерово (Бела Црква) на границата со Романија, а патеката ќе биде со должина од 4500 метри.

За проектот задолжени се луѓето од Мото сојузот на Србија, директорот на фирмата спонзор, но и инженерот Адамо Леонци од ФИМ кој ќе биде задолжен за идејното решение.

Во продолжение и приказот на новата патека:

mapa-pateka-srbija

Најава за изградба на мото патека имаше минатата година и во нашата земја, за жал од тогаш и покрај иницијативата и поволната клима нема никакви новости во врска со проектот или пак најава дека во скоро време ќе се реши проблемот на македонските моторџии.

Back To Top