Откако успешно закрепна од повредата на ногата, Рок Багорош продолжува со својата стантерска кариера кој неодамна го одведе во Јужна Америка.

 DSC6872

Турнејата на Рок Багорош низ Јужна Америка започна во Коста Рика, потоа продолжи во Мексико, а заврши во Колумбиа. Тој веќе е назад во Европа, во меѓувреме се натпреваруваше на меѓународниот стант настан на кој го освои третото место во категоријата „Best Show“ со својот KTM Duke 200. 

Како што вели и самиот, нема време за славење бидејќи веќе е на пат за Турција каде ќе има настап, а потоа следи враќањето во Европа па потоа уште една турнеја во Америка во октомври и ноември.

Рок го привлече нашето внимание во 2009-та година кога сеуште настапуваше со својот скутер. Тогаш го направивме првото интервју со него, а следната наша дружба се случи во случи во Скопје, кога настапи на Red Bull настанот заедно со маесто Крис Фајфер. Сега тој е официјален стант возач на КТМ со целосна фабричка поддршка од Австријците.

Back To Top