Фабриката на Honda, Атеса, која беше основана во регионот Абруцо во Италија во 1971 година, слави импресивен јубилеј откако успеа да произведе еден милион примероци од SH скутерите.

Фабриката на Honda, Атеса, која беше основана во регионот Абруцо во Италија во 1971 година, слави импресивен јубилеј откако успеа да произведе еден милион примероци од SH скутерите.

2017 honda sh125

Само по себе тоа е импресивна бројка но вреди да се знае и дека фабриката не започна со производство на овој скутер се до 1996 година. Тоа значи дека во периодот од 11 години производство на SH скутери во Италија, годишно биле создавани по речиси 100,000 примероци. Линијата SH за прв пат беше воведена во 1984 година со моделот SH50. Првиот примерок од оваа серија беше произведен во Белгија, а 12 години подоцна производството беше префрлено во Италија.

Трансферот во Атеса исто така допринесе за создавање на нова верзија на SH50 како и на комплетно нов SH100. Сега во компанијата се произведуваат сите три модели од SH линијата: SH125, SH150 и SH300.

1984 honda sh50

SH125, најпродаваниот скутер во Европа за 2016 година со 17000 примероци, се произведува во фабриката во Италија од 2001 година. Моделот 2017 Honda SH125i има LED светла напред и позади, „Smart Key“ и нов изглед.

Секако, бројката од 1 милион скутери за 11 години е импресивна но во 2014 година Honda стигна до бројката од 300 милиони скутери. Се започна во 1949 година со Honda Dream Type-D, а последниот модел кој беше произведен и со кој се одбележа јубилејот е Gold Wing. Легендарниот Super Cub модел на Honda е мотоциклот кој е најмногу произведуван со 87 милиони примероци.

Во Македонија застапник за Хонда е Макпетрол, а скутерите од SH серијата се достапни по следните цени:

Модел Цена
SH300 ABS 5.590
SH150 A 4.090
SH125  3.590 
Back To Top