Оф роуд мотоциклите ќе бидат забранети во некои делови од Дубаи со цел да се намали асоцијалното однесување.

Оф роуд мотоциклите ќе бидат забранети во некои делови од Дубаи со цел да се намали асоцијалното однесување.

Принцот од Дубаи, шеикот Хамдан бин Мохамед, ја донесе оваа одлука откако само во 2016 година загинаа седумнаесет возачи. Во 2015 година бројот на загинати мотоциклисти беше десет.

Оф роуд мотоциклите ќе бидат забранети во станбени области, патишта и во сите други делови кои се означени од страна на Управата за улици и транспорт.

FX2F9908

„Новите правила дефинитивно ќе го намалат бројот на несреќи и смртни случаи во кои се поврзани мотоциклистите,“ изјави Саиф Ал Мазруни, директор на полицијата во Дубаи.

Во февруари, Управата за улици и транспорт предложи лиценците за мотоцикл да бидат поделени во три категории врз онова на возраста на возачот како и јачината на мотоциклот. Во моментов, само лицата над 16 години и оние кои се физички спремни смеат да управуваат со мотоцикл.

Томас Еделман, основачот на „Road Safety UAE“, вели: „Многу возачи не ги следат правилата на возење и воопшто не се грижат за останатите учесници во сообраќајот. Сите сме забележале силен звук од мотоциклот во текот на денот но и во ноќните чесови. Сигурен сум дека сите имаме по некоја приказна за возила кои создале голема бучава, за мотоцикли кои не разбудиле од спиење во текот на ноќта.“

Back To Top