Во моментов ја имаме долгата летна пауза во WSBK серијата. Тоа значи дека во гаражите се случуваат многу работи. Секако, тука се и гласините.

Има голем број на информации за можни трансфери во 2020 година но ниту една не е толку интересна колку онаа која се однесува на Алваро Баутиста. Наводно, тој ќе го напушти Ducati и ќе премине во фабричкиот тим на Honda. Оваа гласина се појави откако во јавноста излезе информација дека Honda планира нов супербајк модел за сезоната 2020.

Судејќи според досегашната реакција на HRC можеме слободно да кажеме дека наскоро навистина ќе се појави таков мотоцикл. А можеме да претпоставиме и дека со него ќе настапува некој од најдобрите возачи. Прв на таа листа секако е Алваро Баутиста.

Нашите извори ни откриваат дека Баутиста во следната година ќе настапи во познатата црвена боја. Ова пак остава простор за нов возач во тимот на Ducati а на листата веќе се споменуваат неколку имиња.

WorldSBK Rummors txt 08 08

Најверојатно тоа ќе биде Скот Рединг. Поранешниот Ducati MotoGP возач во моментов е еден од најдобрите натпреварувачи во Британскиот Супербајк шампионат и се уште настапува со машина на Ducati.

Ducati Panigale V4R, кој има BSB спецификации, е сосема поинаков од WorldSBK верзијата а тоа би значело дека преминот на Рединг во серијата нема да биде толку лесен. Сепак, Британецот е талентиран возач и сигурно нема да ја пропушти шансата доколку му се укаже.

Можеме да очекуваме уште неколку други возачи да ги сменат своите тимови. Има најава дека Јуџин Лаверти следната година ќе му биде нов тимски колега на Том Сајкс во тимот на BMW. Ова би било навистина интересна комбинација бидејќи BMW S1000RR во последниот период е навистина импресивен.

Останете со www.motori.com.mk за да ги дознаете најновите информации од WSBK серијата.

Back To Top