Во седиштето на BMW во Минхен, тимот на BMW Motorrad GoldBet SBK официјално ја објави нивната кандидатура  за титула во сериите 2013 Супербајк и Супербајк 1000 FIM.

big bmw-superbike-team-201302

Во седиштето на BMW во Минхен, тимот на BMW Motorrad GoldBet SBK официјално ја објави нивната кандидатура  за титула во сериите 2013 Супербајк и Супербајк 1000 FIM. BMW минатата година објави дека ке го предадат нивниот SBK оддел на BMW Италија. 

За тимот ќе возат Марко Меландри – кој победи на шест трки минатата година и заврши на третото место во генералниот пласман, Чез Дејвис кој со BMW HP4 ќе се натпреварува во Светскиот Супербајк шампионат.

Силвиан Бариер, кој ќе се обиде да ја одбрани Superstock титулата и Јужно Африканецот Грег Гилденхејс кој исто така ќе се натпреварува во Superstock.

Мотоспортот повторно ќе има главна улога во BMW Motorad оваа година. 2012 беше нашата најуспешна сезона досега во ФИМ Супербајк Светскиот Шампионат. Со шест победи, 18 места на подиумот, шест најбрзи круга, второ место во генералниот пласман кај производителите и титула во FIM Superstock 1000, BMW Motorad се етаблира како еден од најдобрите тимови во серијата. Јас сум повеќе од сигурен дека ние ќе ги постигнеме нашите цели оваа сезона со помош на новата структура, искусниот тим менаџмент и возачите Марко Меландри и Чез Дејвис. Целта ни е да се етаблираме меѓу најдобрите тимови во мотоспортот и да оствариме што е можно повеќе победи и места на подиумот

изјави Стефан Шалер,претседател  на BMW Motorrad
Back To Top