Џонатан Реа планира нова победа на трката во Портимао.

Џонатан Реа вели дека планира да ја продолжи борбата за титулата и очекува да ја продолжи импресивната форма и на трката во Портимао.

Реа постигна победа на оваа патека на последните седум трки а низата се протега се до втората трка во 2014 година кога ја оствари неговата последна победа во тимот на Honda. Како возач на Kawasaki, тој нема пораз на оваа патека.

После продуктивниот тест кој го имаше на истата патека пред две недели, кога тестираше нови делови, Реа вели дека е целосно фокусиран на последните неколку трки од сезоната и планира да ја одбрани предноста од 81 поен во однос на Алваро Баутиста.

Rea txt 04 09

„Со нетрпение чекам повторно да почнам да се тркам“ , изјави Реа. „Помина долг период од последната WorldSBK трка и неможам да дочекам да почне викендот во Портимао.“

„Ми се допаѓа оваа патека а после тестот имаме јасна престава за основните сетинзи кај Ninja ZX-10RR. Во петок ќе работиме чекор по чекор за да го подготвиме целиот пакет а потоа ќе се фокусираме на квалификациите.“

„Ќе имам голема подршка од моите фанови од Северна Ирска и неможам да дочекам да почне трката.“

До крајот на сезоната остануваат уште максимални 248 поени. Реа се уште го очекува неизвесна борба но останува фаворит за освојување на нова титула.

Back To Top