Лорис Баз (Кавасаки) извојува епска победа на втората трка во Велика Британија на патеката Силверстоун.

baz-pobeda-2

Лорис Баз (Кавасаки) извојува епска победа на втората трка во Велика Британија на патеката Силверстоун.

До неверојатната победа дојде откако французинот беше водечки во последниот круг на трката, кога беше истакнато црвено знаме заради падот на Џулс Клузел кој се должеше на интензивниот дожд. Клузел успеа да се качи на моторот и да дојде до пит стопот, а благодарение на прекинот на трката, тој дојде и до подиум бидејќи како официјален се важеше пред последниот круг во кој тој беше втор.

Баз од друга страна повторно блесна на англиската патека, истата онаа на кој ја забележа првата победа во кариерата, пред една година.

На втората трка третполасиран беше Јуџин Лаверти, пред Џонатан Реа кој победи на првата трка. На петтата позиција финишираше возачот на Сузуки, Леон Камиер, кој имаше можност да се бори и за првата позиција но вториот дел од трката за него не беше нај поволна.

Гинтоли на втората трка финишираше на шестата позиција, една пред Том Сајкс што придонесе да следиме уште понеизвесен шампионат, бидејќи сега разликата во генералниот пласман од водечкиот Сајкс до него изнесува само 13 бода.

1. Baz (Kawasaki) 16 круга/94.432км за 33'46.622 со просек од 167.745 км/ч;
2. Cluzel (Suzuki) 0.609;
3. Laverty (Aprilia) 0.869;
4. Rea (Honda) 2.145;
5. Camier (Suzuki) 2.229;
6. Guintoli (Aprilia) 2.374;
7. Sykes (Kawasaki) 5.791;
8. Badovini (Ducati) 20.126;
9. Melandri (BMW) 20.209;
10. Checa (Ducati) 20.629;
11. Fabrizio (Aprilia) 20.769;
12. Neukirchner (Ducati) 21.407;
13. Sandi (Kawasaki) 45.015;
14. Aitchison (Kawasaki) 45.938;
15. Giugliano (Aprilia) 46.036;
16. Iannuzzo (BMW) 1'22.207;
Без пласман:
Haslam (Honda) 19.944;
Davies (BMW)

За оние кои ја пропуштија трката, во продолжение снимка од целата сесија:

Back To Top