Gibbs е една од оние чудни компании за кои веројатно никогаш не сте слушнале. Тие имаат една филозофија, а тоа е: „Нели ова би било кул?“. Последната нивна креација е скутер кој со едно притискање на копче станува џет-ски.

Овој нивни интересен изум развива 55кс и е придвижуван дво-цилиндричен мотор кој може да развие брзина од 130 километри на час додека го возите на асфалт. „Dual-Jet “ технлогијата ви овозможува кога го возите на вода да развиете максимална брзина од 60 километри на час. Тој има хидраулични диск сопирачки и целосно прилагодлива задна суспензија. Има два издувни системи кои се наоѓаат веднаш над задното тркало и уште еден пар на издувни системи кои се наоѓаат на крајот на мотоциклот.

20182F012FScreen Shot 2018 01 19 at 1.44.28 PM

Како што можевте и да очекувате, сите овие додатоци заедно со 20 литарскиот резервоар за гориво ја зголемуваат неговата тежина која изнесува нешто повеќе од 226 килограми и покрај тоа што поголем дел од него е изработен од јаглеродни влакна. Има должина од 2.3 метри, а растојанието меѓу тркалата изнесува 1.7 метри. Се нуди во две верзии, со единечно седиште како и со дополнително седиште доколку имате сопатник.

Screen Shot 2018 01 19 at 1.46.04 PM

Истата компанија претходно ни го има претставено „Quad-Ski“, амфибиски ATV-jetski хибрид кој е опремен со 1293cc BMW K1300 inline-four мотор. Тој има менувач со шест брзини како и електричен кумплуг. Поради големата тежина која изнесува 535 килограми, максимална брзина која може да ја постигне на копно и на вода изнесува 80 километри на час и покрај тоа што го има моќниот германски мотор.

Screen Shot 2018 01 19 at 1.46.22 PM

Back To Top