motori motocros_poroj2012_startПод покровителство на Мотоциклистичка федерација на Македонија,во техничка организација на МК Шари мотокрос на3 јуни на патеката Порој крај Тетово се одржа натпревар од Шампионатот на Македонија во мотокрос за сезоната 2012.

motocros poroj_2012

Под покровителство на Мотоциклистичка федерација на Македонија,во техничка организација на МК Шари мотокрос на3 јуни на патеката Порој крај Тетово се одржа натпревар од Шампионатот на Македонија во мотокрос за сезоната 2012.  

Повеќеилјадната публика имаше можност по убаво и сончево време да ужива во атрактивните возења и прекрасни скокови на најдобрите македонски натпреварувачи.

Во најмалата класа МХ85 можевме да ја видиме иднината на македонскиот мотокрос. Во првото возење сигурен беше минатогодишниот шампион Андријан Ристевски (Хонда, МК Мотостарс) кој победи пред своите клупски колега, Христијан Станковиќ (КТМ) и најмладиот учесник 8 годишниот Лука Ристевски (КТМ). Сепак, во средината на второто возење на Андријан Ристевски му изгасна мотоциклот и изгуби речиси една минута за повторно да го стартува. Тоа го искористи Станковиќ и успеа да победи што му беше доволно за 47 бодови и вкупна победа на трката. Трет заврши Лука Ристевски.  

Поени:

Во класата МХ2 во отсуство на најдобриот Христиан Илиоски (МК Пелистер) кој настапи на трка од Светскиот шампионат во МХ3 најголем фаворит беше Благојче Спировски (Сузуки, МК Мотостарс). Веќе во првиот круг на првата трка поради технички проблем на мотоциклот се откажа еден од кандидат за висок пласман, Никола Гулевски (Сузуки, МК Мотостарс), а истото му се случи и на Спировски во третиот круг. Со мудро возење до победа стигна Филип Кондратенко (Хонда, МК Гого) пред Бесник Алиу (КТМ, МК Шари мотокрос).

motocros poroj_2012_new

Со оглед на тоа што Гулевски не го оспособи својот мотоцикл за второто возење, голем гест на фер-плеј покажа Кондратенко кој му го понуди својот резервен мотоцикл на конкурентот. Гулевски пак му позајми дел на Спировски и сите беа подготвени за старт на второто возење. Спировски беше овојпат сигурен победувајќи пред Гулевски и Кондратенко. Третото место на Кондратенко му беше доволно за неговата прва победа во трка од Шампионатот на Македонија во мотокрос.

Во најсилната класа МХ1 убедлива победа однесе Гоце Томовски (Хонда, МК Гого) кој собра и најмногу аплаузи од публиката победувајќи во заедничка конкуренција на класите МХ1 и МХ2 и остварувајќи го најбрзиот круг на целиот натпревар. Второто место го освои Михаил Бајовски
(КТМ; МК Мотостарс, а за третото место се водеше изедначена борба помеѓу три натпреварувачи во која најуспешен беше Јован Јовановски (Сузуки, МК Мотостарс).

motocros poroj_20122

Возбудлива трка видовме и во класата МХ3. Во отсуство на водечкиот Николче Тодоров (Сузуки) кој не настапи поради повреда, најдобри беа неговите клупски колеги од МК Мотостарс, Мирче Ќорнаков (Хонда) и Борче Костов (Сузуки). Третото место го освои домашниот натпреварувач Џавит Адили (Хонда).

Следниот натпревар од Шампионатот на Македонија во мотокрос е на 28 август на патеката во Забел крај Куманово.
 

Резултати Мотокрос „Порој 2012“:

Извор: „МФМ“

Back To Top