motori enduro-veles-2012-165 copyПод покровителство на Мотоциклистичка федерација на Македонија, a во техничка организација на МК Александар и МК Мотори од Скопје на 30 јуни и 1 јули на патеката крај Скопје ќе се одржи вториот натпревар од Шампионатот на Македонија во ендуро за сезоната 2012.

 enduro-veles-2012-165 copy

Под покровителство на Мотоциклистичка федерација на Македонија, a во техничка организација на МК Александар и МК Мотори од Скопје на 30 јуни и 1 јули на патеката крај Скопје ќе се одржи вториот натпревар од Шампионатот на Македонија во ендуро за сезоната 2012.

Годинешниот шампионат во оваа возбудлива мото дисциплина е распишан во 4 класи: Е1, Е2, Е3 и Т1, а на претходниот натпревар во Велес учествуваа вкупно 27 натпреварувачи. Досегашниот рекорд на еден натпревар од македонскиот шампионат е 30 натпреварувачи и беше постигнат на „Големата награда на Скопје 2010“. Со оглед на тоа што ќе се оваа дисциплина е се популарна кај нас, организаторите очекуваат рекорден број на натпреварувачи.

Патеката е со должина од 20 километри, а натпреварувачите ќе треба да ја поминат на три пати во секој од двата натпреварувачки денови. Во рамките на секој круг ќе има и 2 брзински испити: првиот содржи елементи од мотокрос и ендуро, а вториот екстремни елементи. „Брзинците“ ќе бидат најпривлечни за публиката со оглед на конфигурацијата на теренот, одличната прегледност и близината до стартот. Покрај тоа на патеката ќе има и 2 временски контроли и една контролна точка. Збирот на времиња од „брзинците“ и казнените поени од временските контроли од трите кругови ќе ги одредат најдобрите по класи.

Во класата Е1 во Велес победи Драган Ванов (МК Мото Велес); во најбројната класа Е2 и во генералниот пласман најбрз беше Валентин Тошев (МК БрзКруг), а во класата Е3 одлично возење прикажа дебитантот Горан Тасиќ (МК Мото Велес). Во класата Т1 немаше изненадување и двократниот шампион Виктор Ефремов (МК Мото Велес) со победа ја најави борбата за златната кацига.

Според програмата стартот на првиот натпреварувачки ден е во сабота 30 јуни од 17:00 часот, а на вториот во недела 1 јули од 10:00 часот. Збирот на бодови од двата дена ќе ги одреди најдобрите по класи и во клупска конкуренција.

Превземи:
- Посебен правилник за трката
- Пријава за „Голема награда на Скопје 2012“

Извор: „МФМ“

Back To Top